Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за основното училиште „Братство-Единство“ во Дебар

Bildergalerie

На 19.10.2016 година, госпоѓа д-р Кристине Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, господин Илми Куртиши, раководител на НВО „Месечина“ од Дебар, и г-дин Берзат Османоски, заменик-директор на ОУ „Братство-Единство“ од Дебар, потпишаа договор за финансирање на опрема за шест училници и пополочување на ходникот кој води до училниците, во висина од 5.868,- евра.

Со оваа донација на Германската Амбасада требаше да се опремат со столчиња и клупи шест училници, и да се пополчи подот во ходникот.

На 30.11.2016 год. од страна на амбасадорката д-р Кристине Алтхаузер и соработничката од економскиот оддел Марина Серафимовска беше официјално примопредаден завршениот мал проект во училиштето „Братство-Единство“. Градоначалникот Лата, раководителот на НВО-то Куртиши и заменик директорот на училиштето Османоски, се заблагодарија за донацијата, со која беше овозможено во училишната зграда да се примат дополнителни шест одделенија од првоодделенци.

Овој проект претставува успешна донација за помош од страна на Германската Амбасада.

Германската поддршка во висина од 3.037,- евра се од средства на Божиќниот базар на Германската Амбасада, додека 2.831,- евра се средства за финансиската поддршка на мали проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи со цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.

Поддршка за основното училиште „Братство-Единство“ во Дебар

Verwandte Inhalte

nach oben