Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Донација за инклузивно училиште во Гостивар

Bildergalerie

На 18.05.2016 год. г-ѓа д-р Кристине Алтхаузер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Скопје, г-дин Самир Грбле, дефектолог и управител на НВО „Европски центар за развој, толеранција и соработка“, и г-дин Октај Нуредин, директор на ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ од Гостивар потпишаа договор за донација и набавка на логопедска опрема во вредност од 5.009,- евра и печатач во боја во вредност од 479,- евра.

На 17.11.2016 год. амбасадорката д-р Кристине Алтхаузер и г-ѓа Марина Серафимовска од економскиот оддел на Амбасадата, заедно со градоначалникот, г-дин Невзат Бејта го посетија инклузивното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар. Училиштето во овој момент се реновира со помош на други донации, а притоа е предвидена училница за терапија на деца со аутизам. Логопедските апарати набавени со средства од Германската Амбасада веќе секојдневно се користат при терапевтски сесии.

Градоначалникот, директорот на училиштето и дефектологот се заблагодарија на германската амбасадорка за донацијата.

Финансирањето на печатачот во боја е овозможено со средства од Божиќниот базар на Германската амбасада, кој секоја година се организира од страна на сите вработени во Амбасадата на денот на првиот адвент.

За оваа донација известуваа сите локални медиуми од регионот на Гостивар на германски, македонски, албански и турски јазик.

Финансиската поддршка на Малите проекти е овозможена со буџет од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија и има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економскиот развој на земјата-домаќин.

Донација за инклузивно училиште во Гостивар

Verwandte Inhalte

nach oben