Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за средното училиште „Перо Наков“ во Куманово
На 27.04.2016 год. госпоѓа д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, господин Зоран Дамјановски, градоначалник на општина Куманово и госпоѓа Лидија Тасевска, директор на училиштето „Перо Наков“, потпишаа договор за финансирање на опрема за кабинет по моден дизајн во висина од 3.687,- евра.
Со оваа донација од Германската Амбасада треба да се подобри наставата по предметот моден дизајн во стручното училиште преку која учениците ќе добијат опсежна, професионална и солидна основа на знаењата. Во Куманово текстилната индустрија има долга традиција, а со квалификувано образование, професионалните можности значително се зголемуваат.
На 10.10.2016 год. од страна на заменик-амбасадорот Марко Акватичи и Марина Серафимовска од економскиот оддел на Германската Амбасада беше направено примопредавање на завршениот проект во училиштето Перо Наков во Куманово.
Градоначалникот Зоран Дамјановски, наставниците и учениците се заблагодарија за финансиската поддршка на Германската амбасада и потврдија дека опремувањето на училницата придонесе учениците да можат со повеќе мотивација и радост да ги утврдуваат и зголемуваат своите знаења по моден дизајн.
Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.