Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
ЕЕС- Европски систем за влез/излез од 12 октомври 2025 г.: дигитално регистрирање на влезот во шенген-просторот

Entry-/Exit System © EU Kommission
Wichtiger Hinweis
Од 12 октомври 2025 г. во сите држави-членки на ЕУ (со исклучок на Кипар и Ирска) како и во Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија ќе се воведе нов ИТ-систем за дигитално регистрирање на влезот и излезот во шенген-просторот (ЕЕС=влез/излез систем)
Германија постепено ќе го воведува ЕЕС, најпрво на аеродромот во Диселдорф, потоа во Франкфурт на Мајна, а подоцна и на другите аеродроми и морски пристаништа.
Одредбата важи за лица што сакаат да патуваат во шенген-просторот за краток престој (максимум 90 дена во рамките на 180 дена).
Ова не се однесува на државјани од ЕУ, Европскиот економски простор и Швајцарија. Самите патници не мора да прават ништо повеќе. Промената се однесува само на текот на граничните премини:
- При влезот ќе се споредат фотографијата на лицето и отпечатоците од прстите.
- Во иднина нема да се става печат во пасошите. Влезот и излезот ќе бидат сочувани дигитално во согласност со европското право за заштита на податоци.
- На одбрани аеродроми патниците ќе наидат на терминали за самоуслуга, за да се забрза процесот.
Повеќе информации може да се најдат на веб-страните на Европската Унија и на Сојузната полиција.