Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за ОУ „Ванчо Прке„ во Штип

Bildergalerie

На 31.05.2016 г. госпоѓа д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија во Скопје, г-дин Илчо Захариев, градоначалник на општина Штип и г-ѓа Весна Ничева, директор на основното училиште „Ванчо Прке“ од Штип, потпишаа договор за финансирање на опрема за кабинети по хемија, биологија, математика, географија и физика, во вкупна вредност од околу 2.900 евра.

Во училиштето во моментов учат 1.200 ученици од прво до деветто одделение. Со опремата во веќе постоечките училници, учениците ќе можат да учат во подобрени услови.

На 17.10.2016 год. канцеларката на Германската Амбасада Сузане Хердерих и соработничката за економија, Марина Серафимовска, го примопредадоа завршениот проект во ОУ Ванчо Прке во Штип.

Градоначалникот Илчо Захариев и директорката на училиштето Весна Ничева, како и голем број ученици и наставници се заблагодарија на Германската амбасада за финансиската поддршка, а учениците претставија неколку експерименти користејќи делумно германски јазик. Овој проект претставува успешен мал проект на Амбасадата.

Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.

Поддршка за ОУ „Ванчо Прке„ во Штип

Verwandte Inhalte

nach oben