Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за Детската клиника во Скопје
На 17.05.2017 г. д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, госпоѓа Аспазија Софијанова, директорка на Универзитетската клиника за детски болести, и госпоѓа Емилија Дуковски, проект-менаџер на фондацијата „Луѓе за луѓе, проект Хопе“ потпишаа договор за финансирање на пет неонатални ресуситатори за потребите на Одделот за интензивна нега и терапија при Детската клиника во Скопје со вкупна вредност од 11.899,- евра.
Со цел справување со проблемот на смртност кај новородените и преранородените бебиња, Фондацијата „Луѓе за луѓе, проект Хопе“ спроведува голем број проектни активности со Клиниката за детски болести, меѓу кои и опремување на новиот Оддел за интензивна нега со потребна апаратура.
Германската амбасада во тесна соработка со стручните лекари од Клиниката и проектните партнери од „Хопе“ го поддржува овој проект со бараната опрема, со надеж дека ќе се постигне подобра и поефикасна реанимација на доенчињата, а со тоа ќе се намали смртноста и ризиците од можни оштетувања.
Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.