Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Пензија
Актуелни информации во врска со потврда за живот (Lebensbescheinigungen) за лицата приматели на германски пензии за 2022
Внимание! Во 2022 година повторно е потребна потврда за живот за приматели на германски пензии!
Подетални информации во врска со издавање на потврдата за живот за 2022 година може да се најдат тука.
Општи упатства
Во областа на социјалната сигурност, меѓу Република Северна Македонија и Германија се применува Германско-македонската спогодба за социјално осигурување од 8 јули 2003 година. Германското пензиско осигурување Баварија Југ (Bayern Süd) е една од канцелариите за врски за спроведување на оваа Спогодба во полето на законското пензиско осигурување.
Поопширни информации може да се најдат на овој линк.
ИНФОРМАЦИЈА: Постои нова одредба која предвидува за прогонети лица од национал-социјалистите, кои веќе добиле еднократна помош од Фондот за репарација, да добијат вонредна исплата за корона во висина од по 1.200 евра за 2021 и за 2022 година. Барањето за вонредна исплата за корона мора да се достави писмено до Сојузното министерство за финансии во Германија. Детали за барањето и за правото на барање ќе најдете тука.
За понатамошни прашања може да се обратите во секое време до Амбасадата преку меил.