Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Изјава во врска со непречен пристап на оваа веб страна

17.09.2020 - Текст

Министерството за надворешни работи и неговите претставништва во странство се обидуваат своите веб страни да ги усогласуваат со националните правни прописи во врска со имплементацијата на Регулативата (ЕУ) 2016/2102 на Европскиот Парламент и на Советот за непречен пристап.

Оваа изјава во врска со непречен пристап важи за актуелната верзија на оваа веб страна, достапна на интернет.

Таа се изработи на 17.09.2020 година.

Кои области немат непречен пристап?

Делови на областите кои немат непречен пристап:

  • Документи во пдф-формат (Се обидуваме колку што е можно побрзо да ги замениме овие документи со документи со непречен пристап)

  • На пример титлувања на видеа. Се обидуваме соодветни титлувања колку што е можно побрзо да ги ставиме на располагање доколку истите не се содржани уште при објавување.

Фидбек и контакт

Дали забележивте недостатоци при непречен пристап кон содржините на оваа веб страна? Имате ли прашања на темата непречен пристап? Тогаш слободно контактирајте нè. Ве молиме да го користете соодветниот формулар за фидбек.

Секако дека можете да стапите во контакт со нас и преку пошта или телефонски.

Овде имате можност да стапите во контакт со нас и на германски Знаковен јазик. Ве упатуваме на тоа дека телефонот се опслужува на германскиот Знаковен јазик.

Постапка на мирење (Арбитражна постапка)

Во канцеларијата на надлежното лице при Сојузната Влада за потребите на лица со хендикеп, постои институција за мирење според § 16 Сојузен Законик. Оваа институција има задача да решава конфликти меѓу лицата со хендикеп и јавните сојузни установи.

Имате можност да ја вклучите оваа институција ако не сте задоволни со одговорите од горе наведената опција за контакт. Притоа не станува збор за изнаоѓање на победници или губитници, туку целта е да се изнајде решение за проблем надвор од судовите.

Постапката на мирење е бесплатна, а исто така, и не Ви треба адвокат.

На веб страната на институцијата за арбитража/мирење ќе ги најдете сите информации за постапката (на германски и на англиски јазик). Таму може да се информирате како се одвива таква постапка и на кој начин можете да поднесете барање за постапката. Барањето може да се достави и на „едноставен јазик“ или на германски Знаковен јазик.

Институцијата за надминување на спорови може да се најде на следната адреса:

Schlichtungsstelle nach dem Behindertengleichstellungsgesetz
bei dem Beauftragten der Bundesregierung für die Belange von Menschen mit Behinderungen
Mauerstraße 53
10117 Berlin
Telefon: +49 (0)30 18 527-2805
Fax: +49 (0)30 18 527-2901

E-Mail: info@schlichtungsstelle-bgg.de
Internet: www.schlichtungsstelle-bgg.de

Почеток на страницата