Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Спречување на корупција

Текст

Прописите за спречување на корупција во Сојузната администрација од 30 јули 2004 година ја одредуваат правната рамка за задачите на спречувањето на корупција во централата на министерството за надворешни работи и во претставништвата во странство. Прописите имаат за цел да понудат разбирлив правилник за фер и транспарентно административно дејствување.

Етичките начела и одбивањето на корупцијата треба да бидат цврсто поставени во свеста на вработените во централата на министерството за надворешни работи како и на испратените службеници и локални соработници во претставништвата во странство. Важни цели на спречувањето на корупција во централата на министерството за надворешни работи и во претставништвата во странство се сензибилизација на вработените за тематиката, заштитата од можни корупциски закани и зачувувањето на високи етичко-правни стандарди како интегрален дел на сите управни дејства.

Награди, лични подароци или други предности

Важи основното начело: Забарана за прифаќање! Без согласност од работодавецот вработените во централата на министерството за надворешни работи како и испратените службеници и локални соработници во претставништвата во странство, не смеат да прифаќаат награди, лични подароци или други предности во однос на својата функција. Сите други прописи се наоѓаат во налозите од Сојузно министерство за внатрешни работи во врска со забраната на прифаќањето на награди или лични подароци во Сојузната администрација од 8 ноември 2004 година и во конкретните налози во министерството за надворешни работи.