Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Изјава за заштита на податоци согласно чл. 13 Европската уредба за заштита на податоци (DSGVO)

Текст

Со следните податоци ќе добиете информации за тоа кога собираме какви податоци на оваа веб-страна и како ги користиме.

Германското министерство за надворешни работи и германските дипломатско-конзуларни претставништва ги обработуваат личните податоци согласно Европската уредба за заштита на податоци (DSGVO), Сојузниот закон за заштита на податоци (BDSG), a по потреба и согласно посебни законски регулативи. Со цел да Ве информираме за обработката на податоците и Вашите права, исполнувајќи ја притоа нашата обврска за информирање (чл. 13 и чл. 14 од DSGVO), во текстот што следи Ве информираме за обработката на личните податоци при користењето на нашата веб-страна, кога нè контактирате (преку формуларот за контакт, и-мејл, телефонски или по пошта) како и преку претплатата на некој од нашите билтени.

Основи

1.1. Надлежна институција и одговорно лице за заштита на податоци
Согласно § 2 од Законот за дипломатска служба (GAD), Германското министерство за надворешни работи (Централата) и дипломатско-конзуларните претставништва заедно претставуваат единствена институција на сојузно ниво.

Надлежна институција за обработка на личните податоци согласно чл. 4 бр. 7 DSGVO е германското МНР:
Auswärtiges Amt
Werderscher Markt 1
10117 Berlin
Deutschland/Германија
Teл.: +49 (0)30 18 17-0 / Тел. за прашања од граѓаните: +49 (0)30 18 17-2000
Teлефакс: +49 (0)30 18 17-3402

Формулар за контакт Прашања од граѓаните (Kontaktformular Bürgerservice)
Одговорното лице за заштита на податоци во Германското МНР може да го контактирате на следната адреса: 

Datenschutzbeauftragte/r des Auswärtigen Amts
Auswärtiges Amt
Werderscher Markt 1
10117 Berlin
Deutschland/Германија
Teлефон: +49 (0)30 18 17-7099
Teлефакс: +49 (0)30 18 17-5 7099

Формулар за контакт со одговорното лице за заштита на податоци (Kontaktformular Datenschutzbeauftragter)
Доколку имате прашања за заштита на податоци, можете да се обратите исто така на лицата за контакт во дипломатско-конзуларните претставништва. Како може да го контактирате лицето за контакт за заштита на податоци, ќе дознаете на крајот на страната (види точка 8. Контакт лице за заштита на податоци во дипломатско-конзуларното претставништво). 

1.2. Лични податоци
Лични податоци се сите информации кои се однесуваат на физичко лице што е идентификувано или може да се идентификува. За физичко лице чиј идентитет може да се идентификува се смета лице кое може да се идентификува директно или индиректно, особено со помош на идентификатор како презиме, идентификациски број, податоци за местото на локација, онлајн-идентификатор (чл. 4 бр. 1 DSGVO).

1.3. Правни основи за обработка
Вашите лични податоци ги обработуваме врз основа на

  • чл. 6 ст. 1 a) DSGVO, доколку сте дале согласност за обработка (на пр. ипраќање на билтен),
  • чл. 6 ст. 1 б) DSGVO, доколку обработката е потребна за исполнување на договор или преддоговорни мерки,
  • чл. 6 ст. 1 в) DSGVO, доколку обработката е потребна за исполнување на една од законските обврски што сме ја презеле,
  • чл. 6 ст. 1 г) DSGVO, во случај, виталните интереси на засегнатото лице или на некое друго физичко лице да бараат обработка на личните податоци,
  • чл. 6 ст. 1 д) DSGVO в.в. со § 3 BDSG, доколку обработката е потребна за извршување на доделена задача од јавен интерес или за извршување на законското овластување (на пр. одговарање на различни прашања преку формуларот за контакт). Во јавните задачи на германското министерство за надворешни работи и на германските дипломатско-конзуларни претставништва спаѓаат особено односи со јавноста и давање на информации за Сојузна Република Германија во странство (види § 1 Закон за дипломатска служба – GAD).

Обработка на податоци во врска со посетата на оваа веб-страна

2.1. Собирање на податоци
Секој пат кога некој корисник пристапува на нашата интернет-понуда и секој пат кога се преземаат податоци, податоците за ваквата постапка привремено се снимаат и обработуваат во датотека-дневник.

Алатката за следење (matomo) којa се користи за анализи на користење е така конфигуриранa што не се собираат лични податоци од посетителот.

Понатаму, Вашата IP-адреса ќе биде анонимизирана, така што посетителите не може да бидат следени.

Алатката за следење функционира на сопствени сервери во безбедна мрежна зона, сертифицирана од Сојузниот институт за безбедност на податоци (BSI), така што надвор не излегуваат никакви податоци за следење.

Освен тоа, во Вашиот прегледувач може да подесите Вашата посета на веб-страната воопшто да не биде регистрирана и анализирана (Do-Not-Track-Einstellung). Со пренесување на варијабла на прегледувачот, на алатката за следење ќе ѝ биде сигнализирано, дали посетителите сакаат да бидат пратени или не од алатката за следење.

За да дознаете што треба да направите во Вашиот прегледувач, внесете на пример во пребарувачот: „Активирање на Do not track [име на Вашиот прегледувач]“

Следните податоци се собираат со следење на JavaScript:

  • барање (име на бараната датотека), датум и време на барањето
  • тип/верзија на прегледувачот (на пр.: Firefox 115.0)
  • јазик на прегледувачот (на пр.: Deutsch/германски)
  • oперативен систем кој е користен (на пр.: Windows 11)
  • тип, модел и марка на уредот
  • резолуција на екран
  • употребени додатоци: (z.B. Flash, Java)
  • Referrer URL (претходно посетена страна)
  • анонимизирана IP адреса
  • држава и регион од кои е поднесено барањето
  • што е преземено
  • кликови
  • број на испратени формулари (во зависност од дефинициите на целите)

2.2. Колачиња/Session Cookies
Кога се повикуваат одредени страни се користат таканаречени привремни колачиња, за да се олесни навигацијата. Овие колачиња не содржат лични податоци и се бришат по истекот на сесијата. При користење на корпа за купување, исто така се користат колачиња. И тие се бришат на крајот на сесијата.  

Не се користат техники кои овозможуваат следење на однесувањето на корисникот при пристапот на сајтот.

2.3. Употреба на Plug-in на социјалните медиуми
Моментално ги користиме следните додатоци на социјалните медиуми: Facebook, Twitter, Instagram и Youtube (Google). Притоа го користиме т.н. решение со два клика. Тоа значи дека кога ќе ја посетите нашата страна, најпрво начелно не се проследуваат лични податоци на понудувачите на додатоците. Само кога ќе кликнете на копчето за активирање на социјалните мрежи, Вашите лични податоци ќе бидат проследени до дотичниот провајдер на додатоци и таму ќе бидат сочувани (кај американските провајдери во САД). Ги користиме додатоците на социјалните медиуми, за во интеракција со Вас и другите корисници да ја направиме поинтересна нашата понуда на информации. 

Јасно сакаме да Ви обрнеме внимание дека социјалните медиуми, податоците од нивните корисници (на пр. лични информации, IP-адреса и сл.) ги чуваат согласно нивните одредби за користење на податоци и ги користат за бизнис цели. За обработката на податоците од страна на социјалните мрежи може да се информирате на следните линкови:

Facebook, X, Instagram, YouTube (Google)
Немаме влијание на собирањето на податоците и нивното понатамошно користење од социјалните мрежи. Ние не знаеме во кој обем, на кое место и колку долго се чуваат податоците, во која мера мрежите ги исполнуваат постоечките обврски за бришење, какви анализи и поврзувања прават со податоците и на кого ги проследуваат.

Затоа Ве замолуваме внимателно да проверите, кои лични податоци ги ставате на располагање на социјалните мрежи преку користењето на нашата страна. Ако не сакате социјалните мрежи да ги добијат личните податоци преку Вашата комуникација со нашата страна, контактирајте нè на друг начин, на пример преку формуларот за контакт на оваа веб-страна.

2.4 Google Maps
На нашата веб-страна ја интегриравме услугата на картата „Google Maps“ од провајдерот „Google“. При користењето на услугата (со клик на картата), Гугл обработува лични податоци, особено IP-адреси и податоци за локација на корисниците, кои не може да се добијат без Ваша согласност (по правило во рамките на подесувањето на Вашите мобилни уреди).

Провајдер:
Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Dublin 4, Irland
Веб-страна: https://maps.google.de
Изјава за заштита на податоци: https://policies.google.com/privacy
Опција за отповикувања
(Opt-Out  Plugin): http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=de

Обработка на личните податоци во рамките на Вашиот контакт со нас  

Кога нè контактирате, податоците што сте ни ги доставиле (Вашето име, Вашата и-мејл адреса, во даден случај Вашата адреса, бр. на телефон и факс) како и пренесените информации за содржината (евентуално лични податоци) се обработуваат со цел стапување во контакт и обработка на Вашето барање и се чуваат согласно роковите утврдени со Директивата за архивирање, која го дополнува Заедничкиот деловник на Сојузните министерства (GGO).

Доколку не сме надлежни за одговор на Вашето барање, проследувањето на други органи во покраините и на сојузно ниво може да биде без Ваша согласност со запазување на заштитата на податоци, ако се претпостави дека проследувањето е со цел да се добие одговор и е во Ваш интерес и не се однесува на чувствителни лични податоци.  (чл. 6 ст. 1 д) DSGVO в.в. со § 3 BDSG, § 25 ст. 1 во врска со § 23 ст. 1 бр. 1 BDSG).

Испраќање на билтен

Можете да се претплатите на некој од нашите билтени, со кои ќе Ве информираме за новостите и соопштенијата за печат од германското МНР или за информации за патување и безбедносни информации во земјата.  

За пријавување на еден од нашите билтени ја користиме т.н. Double-opt-in-постапка. Тоа значи дека откако ќе се пријавите, ќе Ви испратиме мејл на наведената мејл адреса, во кој Ве замолуваме да потврдите дали сакате да го добивате билтенот. Дури по потврдување на линкот во мејлот, Вашата мејл адреса ќе биде сочувана за испраќање на билтенот онолку колку што ќе сакате да ја користите нашата понуда за билтен. Ако не ја потврдите Вашата регистрација во рок од 24 часа, Вашите информации ќе бидат автоматски избришани.  

Вашата согласност за испраќање на билтенот можете да ја отповикате и откажете во секое време. Отповикувањето следи со клик на линкот наведен во секој и-мејл билтен Link.

Нарачка на печатен материјал

Ако преку нашата веб-страна нарачувате брошури, летоци и други печатени материјали, за да ја обработиме Вашата нарачка потребни ни се следните лични податоци:

  • презиме, име,
  • улица, број,
  • поштенски број и место
  • и-мејл адреса

Ако нарачката финално не може да биде обработена од нас, податоците кои сте ни ги доставиле ќе бидат препратени на трети (фирмата кај која е нарачано, во даден случај и до други служби или институции доколку овие го испратат нарачаниот материјал). Правна основа за обработка на Вашите податоци е Вашата согласност според  чл. 6 став 1 a DSGVO). Ако претходно наведените податоци не се доставени, тогаш обработката на нарачката не може да биде извршена.

Податоците што сте ги доставиле ќе бидат избришани 90 дена по реализацијата на нарачката.

Настани, односи со печат и јавност

Во рамките на своите задачи германското Министерство за надворешни работи и германските дипломатско-конзуларни претставништва  се јавуваат како организатори или коорганизатори на различни настани.

Во случај на покана или учество на некој настан ги обработуваме личните податоци (презиме, адреса и сл.). Тоа се случува користејки различни канали на комуникација, на пример пополнување на формулар, веб-образец, преку мејл, телефон или визит-карта.

Кои лични податоци притоа ќе ни бидат доставени, зависи од формуларот, од влезната маска односно од податоците кои ќе ги дадете во комуникацијата.

6.1. Собирање податоци на придружни лица
За уредно спроведување на настанот се собираат и обработуваат податоци од придружни лица на поканетите учесници. Тие ги имаат истите права како и сите други лица чии податоци се собираат, наведени под број 7.

6.2. Собирање на податоци од јавно достапни извори
Германското министерство за надворешни работи собира и обработува и податоци, кои се од јавно достапни извори, на пример од веб-страната на засегнатите лица или од јавно достапни регистри.

6.3. Понатамошна постапка за собирање на овие податоци  
Личните податоци не се пренесуваат на трети лица неовластено, туку се чуваат и обработуваат за наша интерна употреба и со цел организирање и административна обработка на настани (креирање на листа за гости, овозможување контрола на пристап и сл.). Можеме да ги пренесеме на еден или повеќе примачи на налогот, кој личните податоци ги користи по наш налог само за интерна примена, која може да ни се припише на нас.

Во зависност од типот на настанот, се појавуваме како коорганизатор заедно со партнерот за соработка. Во овие случаи сочуваните податоци ќе им бидат проследени на нашите партнери за соработка, пришто податоците смее да се користат исклучиво за нашата цел на уредно спроведување на настанот. Во рамките на организирањето на настанот ќе бидете известени со кои партнери соработуваме во конкретниот случај.

Податоците ќе се чуваат само колку што е потребно за организација и изведување на настаните како и за извршувањето на нашите задачи од областа односи со јавност.

Како примател на писма/покани можете во секое време да поднесете приговор за испраќање на други писма/покани.

6.4. Сликање
Со цел одржување на односи со печатот и јавноста на германското Министерство за надворешни работи и германските дипломатско-конзуларни претставништа, на настани и термини се прават фотографии и тие се објавуваат, а Вие можеби ќе се најдете на нив. Имате право да се побуните да бидете сликани и/или да се објави фотографијата. Ве молиме обратете се директно на фотографот или за Вашето несогласување искористете ги горенаведените податоци.  

Ве молиме да имате во предвид дека немаме влијание врз снимки на претставниците на печатот и медиумите. Тие се самите одговорни во смисла на DSGVO.

Вашите права

7.1. Во однос на личните податоци што се однесуваат на Вас, ги имате следните права:

  • право на информација, чл. 15 DSGVO
  • право на корекција на податоци, чл. 16 DSGVO
  • право на бришење („право да бидете заборавени“), чл. 17 DSGVO
  • право на ограничување на обработката, чл. 18 DSGVO
  • право на преносливост на податоците, чл. 20 DSGVO
  • право на приговор против обработката, чл. 21 DSGVO

7.2.
Доколку обработката на Вашите лични податоци е врз основа на Вашата согласност (на пр. билтен), имате право во секое време да ја отповикате без наведување на причините. Со отповикувањето на согласноста, не е засегната законитоста на обработката која следела врз основа на согласноста до отповикувањето. (чл. 7 став 3 DSGVO).

7.3.
Исто така Вие имате право да се жалите кај надзорниот орган за заштита на податоци за обработката на Вашите лични податоци  од наша страна (чл. 77 DSGVO).

Надзорен орган за Министерството за надворешни работи и германските дипломатско-конзуларни претставништва е сојузното одговорно лице за заштита на податоци и слобода на информации:

Der Bundesbeauftragte für den Datenschutz und die Informationsfreiheit
Graurheindorfer Straße 153
D-53117 Bonn

Контакт лице за заштита на податоци во амбасадата

Почеток на страницата