Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Импресум и упатства за користење
Содржините на овие интернет-страници се правно заштитени. Се внимава на вистинитоста, актуелноста, целосноста и разбирливоста на овде објавените содржини. Содржините на овие страници континуирано се ажурираат. Сепак треба да се направаат следните ограничувања:
Содржини од трети лица
Иако се обидуваме да вршиме внимателен избор на линкови, немаме никакво влијание врз содржините односно обликувањето на туѓите интернет страници („линкови„), на кои директно односни индиректно упатуваме. Од таа причина не преземаме никаква одговорност или гаранција за исправноста или целосноста на содржините на интернет страниците на кои упатуваат нашите страници. Тоа важи за сите линкови поставени на нашите страници и за содржините на сите страници со кои поставените линкови се поврзани.
Исто така, не преземаме никаква одговорност за содржините кои на нашата веб страница се ставаат на располагање од страна на Дојче Веле, а исто така не одговараме за вистинитоста на метеоролошките информации објавени од страна на Германскиот метеоролошки завод.
Ако на веб страната е вклучен материјал од карти од други провајдери, издавачот експлицитно во секој случај не ги прифаќа информациите достапни таму (ознаки, граници, итн.). Не се дава гаранција за точноста на тие информации.
Јавување на недостатоци
Редакцијата ги замолува корисниците на овие интернет страници да нé информираат за евентуални противзаконски или грешни содржини на трети лица со кои има воспоставен линк. Исто така се моли за известување доколку постојат наши содржини кои не се исправни, актуелни, целосни и разбирливи. За таа намена, Ве молиме да го користете нашиот образец за контакт.
Авторски права
Информациите и елементите на обликот ставени на располагање на оваа веб страница, подлегнуваат на авторските права. Забрането е без наше предходно писмено одобрение информативните содржини како целина или пак делумно да се печатат, умножуваат, преведуваат или употребуваат и користат на друг начин.
Сопствени содржини
Доколку поставените содржини на овие страници содржуваат правни прописи, службени упатства, препораки или информации, тие се ставени на располагање со најдобро знаење и со почитување на најголема внимателност. Меѓутоа, во случаи на несогласувања исклучиво важи службената верзија како што е објавена во објавителен орган предвиден за таа намена. Евентуални правни забелешки, препораки и информации имаат необврзувачки карактер; не се одржува советување во однос на правни поуки.
Лични податоци
Доколку во рамките на интернет понудата постои можност за внесување на лични или деловни податоци (e-mail-адреси, име, презиме, живеалиште), внесувањето на овие податоци од страна на корисниците се извршува исклучиво врз доброволна основа. Податоци поврзани со лицето се евидентираат исклучиво со Ваше знање и Ваша согласност.