Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Наследно право
Наследно решение
Наследното решение служи како доказ за тоа кој е наследник, а го издава надлежниот оставински суд во Германија по налог на некој наследник или повеќе наследници. По правило, надлежноста на оставинскиот суд се раководи според последното место на живеење на оставителот. Со поднесување на барање за издавање на наследно решение, наследникот дава до знаење дека го прифатил наследството.
Барањето за издавање на наследно решение содржи изјава дадена под заклетва и затоа мора да биде заверена. Барањето може да се достави и кај надлежниот суд или кај надлежната германска амбасада. Ако сакате да доставите барање во Амбасадата во Скопје, обратете ни се претходно на мејл или опишете ја накратко ситуацијата и Вашата желба. Амбасадата ќе Ви достави детални информации за потребните документи и понатамошната постапка.
Одбивање на наследство
Во некои случаи, на пример, кога наследството е презадолжено, може да има смисла да се одбие наследството.
Според германското право, наследството може да биде одбиено од наследникот начелно во рок од 6 недели – ако престојот е надвор од Германија и во рок од 6 месеци – откако ќе се дознае дека постои наследство со изјава којашто треба да се достави до германскиот оставински суд.
Потписот/-ите под изјавата за одбивање на наследство мора да бидат официјално заверени. Заверката на потписите може да се направо во Германија или директно кај надлежниот суд или кај нотар, во странство кај надлежното германско претставништво. Понатамошни информации за заверка на потписите од страна на Амбасадата во Скопје ќе најдете овде.
Незадолжителен текст за изјавата за одбивање на наследство може да најдете овде. Обрнете внимание на тоа дека овој текст мора да биде содржински прилагоден на конкретната ситуација од страна на лицата што се откажуваат од наследството.