Барањето за виза е одбиено. Што можам да направам?
Приговор
Ако Вашето барање е одбиено и не се согласувате со тоа, можете да поднесете приговор против одбивањето (така да се рече, да противречите на одбивањето).
Приговорот мора да биде во писмена форма, на германски или англиски јазик (или преведен) и своерачно потпишан. Ве молиме наведете и датум во дописот.
Само самиот апликант (во случај на малолетници, родители со старателство) или трето лице, писмено овластено, може да поднесе жалба. Во тој случај, полномошното мора да биде приложено.
Приговорот мора да биде поднесен во Амбасадата во рок од еден месец од кога ќе биде познато одбивањето. За ден на известување вообичаено се смета денот, во кој одбивањето Ви е испратено по мејл.
Важни укажувања
Приговорот има смисла само ако можете да наведете факти или да приложите документи, кои им противречат на причините за одбивањето или ако фактичката состојба се променила во Ваша полза.
Постапка
По приемот на приговорот, Вашето барање ќе биде одново проверено. Новите информации и документи ќе бидат вклучени во проверката.
Ако по проверката на Вашиот приговор се отстранети причините за одбивање, тогаш визата ќе биде доделена. Ако останат причините за одбивање, ќе добиете детално образложена одлука за приговорот. Против неа може исто така во рок од еден месец по добивањето да поднесете жалба во Административниот суд Берлин.
Сметајте на регуларно време на обработка од околу 3 месеци по приемот на приговорот. Ако мора да се вклучат внатрешни, особено служби за странци, тогаш постапката може да трае и подолго. Од тие причини Ве замолуваме да се откажете од прашања до каде е предметот пред истекот на 3 месеци.