Немам пристап до мојот мејл со потврда за успешна регистрација, што можам да направам?
Доколку немате веќе пристап до мејлот со потврда за успешна регистрација, испратете ни ги следниве податоци на konsulat@skop.diplo.de:
- Име и презиме
- Копија од пасош
- Регистарски број
Ние ќе ја сторнираме Вашата регистрација. Ќе добиете известување по е-пошта и потоа ќе можете одново да се регистрирате.