Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за ЈКП Неготино
На 16 мај, заменик-амбасадорот Марко Акватичи, директорката на ЈКП Неготино, г-ѓа Марина Бојаџиева и градоначалникот на општина Неготино, гд-ин Тони Делков потпишаа договор за донација во висина од 2.545,- евра.
Јавното комунално претпријатие има околу 100 вработени и е надлежно за стопанисување и одржување на водоводната и канализациона мрежа, зелените градски површини, гробиштата и зелениот пазар во Неготино.
Германската амбасада преку овој мал проект ја финансираше набавката на три важни работни апарати, како мачина за сечење асфалт, агрегат на бензин и перач под висок притисок, со цел подобрување на работните услови на јавното претпријатие.
Финансиската поддршка на мали проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој на земјата-домаќин.