Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за основното училиште „25 Мај“ во Сингелиќ
На 4 април, амбасадорот Герберих, директорот на ОУ „25 Мај“, г-дин Фадиљ Муртезани и претседателот на училишниот одбор, г-дин Гаши Реџепи потпишаа договор за донација во висина од 3.343,- евра.
Во ова основно училиште учат 1500 ученици и работат 105 вработени. Училишната зграда за време на големите поплави во 2016 година беше во голем дел поплавена. Со цел подобрување на секојдневната хигиена во училиштето, Германската амбасада преку овој мал проект ја финансираше набавката на два апарати за чистење на подови.
Финансиската поддршка на мали проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој на земјата-домаќин.
Поддршка за основното училиште „25 Мај“ во Сингелиќ
актуелно видлива фотографија:
1 /
2