Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за Јавното комунално претпријатие во Демир Хисар
На 30 мај, амбасадорот Томас Герберих, градоначалникот на општина Демир Хисар, г-дин Марјанче Стојановски и директорот на ЈКП Демир Хисар, г-дин Ацко Трајковски потпишаа договор за донација во висина од 3.641,90 евра.
Јавното комунално претпријатие стопанисува и пружа услуги во собирање и отпремување на отпад, водоснабдување, канализација и е задолжено за комунални работи во 41 околу населени места.
Германската амбасада преку овој мал проект ја финансираше набавката на цистерна за чистење септички јами во околните села. На тој начин Амбасадата ги поддржува вложувањата на општината во животната средина, здравјето, како и подобрувањето на животните услови на локалното население.
Финансиската поддршка на мали проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој на земјата-домаќин.