Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за Клиниката за токсикологија - Скопје
На 29 мај, амбасадорот Томас Герберих, директорот на НВО „Хопс“, г-дин Христијан Јанкулоски и директорот на клиниката за токсикологија, г-дин д-р Нико Беќаровски потпишаа договор за донација во висина од 5.758,- евра.
Клиниката за токсикологија прифаќа 25.000 пациенти годишно од цела Македонија и истовремено е центар за здравствена грижа за зависници од наркотици.
Германската амбасада преку овој мал проект ја финансираше набавката на различна медицинска опрема, со цел подобрување на условите за работа и директна помош за пациентите.
Финансиската поддршка на мали проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој на земјата-домаќин.
Поддршка за Клиниката за токсикологија - Скопје
актуелно видлива фотографија:
1 /
2