Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за ОУ „Гоце Делчев„ во Штип
На 12 јули 2018 г. амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих и ОУ „Гоце Делчев од Штип“, застапувано од директорот Трајче Димов; како и општина Штип, застапувана од градоначалникот Благој Бочварски потпишаа договор за финансиска поддршка при опремување на шест кабинети по наставните предмети: историја, географија, биологија, хемија, физика и математика со вкупна вредност од 4.921,- евро.
Во училиштето учат вкупно 720 ученици, меѓу кои покрај етнички Македонци, настава посетуваат 48% Роми, и одреден број Власи, Турци и Албанци. До сега наставата била држена фронтално, а во рамките на овој проект согласно потребите и желбите на наставниот кадар, ќе бидат опремени надгледни средства за кабинетска настава. Подобрувањето на условите и можноста од практична настава ќе влијае позитивно на мотивацијата на учениците и наставниците при предавањата.
Финансиската поддршка на мали проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој на земјата-домаќин