Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за општината Крушево
На 7 март 2019 год. амбасадорот Томас Герберих, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорот на ЈКП Комуна Крушево потпишаа договор за донација во вредност од 10.726,- евра.
Комуналното претпријатие врши различни комунални услуги како одржување на јавна чистота, изградба, одржување и реконструкција на локални патишта, одржување на речните корита во општината, водоснабдување, зимско одржување на општинските патишта и улици, чистење снег и др.
Германската амбасада со кофинансирање ја поддржува општина Крушево во набавка на трактор, плуг за чистење и соларка.
Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.
Поддршка за општината Крушево

Амбасадорот Герберицх (десно) и градоначалникот на општината Крушево го потпишуваат договорот

од лево на десно: градоначалникот на Крушево, соработничка од општината, амбасадорот Герберих, Марина Серафимовска од одделот за економија при амбасадата и директорот на комуналното претпријатие Крушево