Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за Македонското биолошко друштво
На 24 мај 2019 год. амбасадорот Томас Герберих, проф д-р Валентина Славевска Стаменковиќ од Македонското биолошко друштво и проф. д-р Валентин Мирчески од Природно математичкиот факултет потпишаа договор за донација во вредност од 3.412,- евра.
Германската амбасада со оваа донација го поддржува Македонското биолошко друштво во набавка на опрема за ботаничката градинa, која ќе служи во научни и образовни цели за учениците и студентите од целата земја.
Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.
Поддршка за Македонското биолошко друштво
актуелно видлива фотографија:
1 /
2