Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Донација за три ковид-клиники при Универзитетската клиника во Скопје
На 26.3.2020 г. Амбасадорот Томас Гербарих во соработка со фондацијата Проект Хоуп потпиша договор за донација на медицинска опрема во вредност од 39.985,- евра.
Со оглед на ургентната потреба од опрема за лекување на сé поголемиот број на ковид-пациенти, Амбасадата го распредели вкупниот свој буџет од Малите проекти од 2020 година за Клиниката за инфективни болести, КАРИЛ и Клиниката за неврохирургија за набавка на пациент-монитори, дефибрилатори, сензори за кислород, системи за перфузија, пулс-оксиметри и др.
Донацијата се финансира од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи преку фондот за мали проекти кој има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.
Донација за три ковид-клиники при Универзитетската клиника во Скопје
актуелно видлива фотографија:
1 /
3