Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Донација за Клиниката за ортопедија
Амбасадата преку програмата Мали проекти донираше лабораториски фрижидер за трансплантација на Банката за коски и коскени ткива на Клиниката за ортопедија при Клиничкиот центар во Скопје во вредност од 6.500,- евра.
Финансиската поддршка е овозможена од буџетот на Сојузно министерство за надворешни работи.
Му честитаме на македонскиот медицински персонал, националниот координатор за трансплантација на органи и неговиот стручен тим за првите трансплантации на срце од минатата година па наваму, како и првата експлантација на коскени ткива од починат донор, со што беа спасени повеќе скапоцени човечки животи.
Донација за Клиниката за ортопедија
актуелно видлива фотографија:
1 /
2