Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за општината Брвеница
Заменик амбасадорот Ото Граф, градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити и директорот на јавното комунално претпријатие „Вардар“, Мирослав Андријевски на 9 март 2021 година, потпишаа договор за донација од програмата Мали проекти. Амбасадата ќе ја финансира набавката на машина за чистење канализација за потребите на ЈКП „Вардар“ со 419.560,- денари.
Финансиската поддршка од Малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на 🇩🇪 Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин.
Поддршка за општината Брвеница
актуелно видлива фотографија:
1 /
1