Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за општината Боговиње
Заменик амбасадорот Ото Граф, градоначалникот на општина Боговиње, Албон Џемаили и директорот на јавното комунално претпријатие „Шари“, Сенад Абдулаи на 9 март 2021 година,потпишаа договор за донација од програмата Мали проекти. Амбасадата со кофинансирање ќе ја поддржи општина Боговиње во набавката на трактор и приколка за различни потреби при услужните дејности на ЈКП „Шари“ со 500.000,- денари.
Финансиската поддршка од Малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на 🇩🇪 Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин.
Поддршка за општината Боговиње
актуелно видлива фотографија:
1 /
2