Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за развој на спортот на лица со посебни потреби
На 19 септември 2022 год. амбасадорката на СР Германија Анке Холштајн, претседателот на Националната Федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија Благој Мишовски и претседателот на Параолимпискиот комитет Бранимир Јовановски потпишаа договор за донација на две инвалидски колички за кошарка во вредност од 8.700,- евра. Целта на оваа донација од Амбасадата е поддршка во формирање на национален кошаркарски тим од лица со телесна попреченост, кое е заеднички проект со НЛБ Банка, Триглав осигурување, Словенечката Амбасада во Скопје и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија. Оваа финансиска поддршка е од фондот за мали проекти при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
На Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, кој е носител на голем број светски параолимписки медали му посакуваме многу успех при формирањето на тимот и се надеваме дека набргу ќе навиваме за македонските кошаркари на наредната регионална лига во 2024 година.