Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за градинката „Весели Цветови“ во Усје
Откако заменикот-амбасадор заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, претседателката на Центарот за младински активизам Крик и директорката на градинката „Весели Цветови“ во ноември 2022 г. потпишаа договор за донација за опремување со креветчиња и душечиња на новиот објект на градинката „Весели Цветови-Усје“, на 31 јануари сe изврши примопредавање на проектот.
Амбасадата ги поздравува заложбите на општината за проширување на згрижувачките капацитети, скратувањето на листите на чекање место во градинка и инвестирањето во раниот детски развој.
Финансиската поддршка на овој проект е овозможена преку малите проекти на Амбасадата од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи и има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.