Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Миграција - факти наместо лажни ветувања
#rumoursaboutgermany: Новата веб-страница на Сојузното министерство за надворешни работи им дава на мигрантите факти за да се спречат дезинформации
На веб-страницата www.rumoursaboutgermany.info сите потребни информации за имигрантите и бегалците се сумирани во компактна форма и се поврзани со факти. Веб-страницата на тој начин ги побива гласините што ги шират трговците со луѓе на Интернет. Како што сугерира името #rumoursaboutgermany, главната цел е да се заменат дезинформациите со факти. На пример, страницата ги побива гласините дека секаде во Германија може да се комуницира на англиски или дека државата им обезбедува работа на сите. Други написи се наменети за луѓе кои одат по често опасниот пат кон Европа и предлагаат алтернативи: овде се претставени различните програми за поддршка на доброволното враќање и хуманитарните програми. Сојузното министерство за надворешни работи на тој начин се спротивставува на гласините со веродостојни факти.