Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Објавен е повикот за аплицирање за Меѓународната парламентарна стипендија 2025 година!
Како и секоја година, и во 2025 година, Германскиот Бундестаг и трите Берлински универзитети доделуваат околу 120 стипендии за млади дипломирани студенти од 50 земји.
Пет месеци ќе имате можност да дознаете повеќе за парламентарната демократија и плуралното општество на работилници, семинари и стажирање во канцеларијата на пратеник во Бундестагот, а исто така ќе можете да ги искористите академските понуди од универзитетите.
Пријавете се до 31 август 2024 година и доставете ги документите исклучиво по е-пошта до Германската амбасада во Скопје (info@skop.diplo.de)!
Детални информации за апликацијата можете да најдете овде.