Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за Специјалната болница за геријатрија и палијативна медицина-Скопје
Заменикот-амбасадорот Ото Граф заедно со директорката на Болницата за геријатрија и палијативна медицина д-р Салија Љатиф Петрушовска и претседателот на граѓанското здружение НВО „Палиум“ Јорданче Јосифов потпишаа договор за донација на професионална машина за миење садови за потребите на болничката кујна.
Оваа донација ќе влијае на подобрување на хигиенските услови во болничката кујна која секојдневно опслужува 260 пациенти со неколку оброци, растеретување на болничкиот персонал и намалување на ризикот од интрахоспитални инфекции.
Финансиската поддршка на овој проект е овозможена преку малите проекти на Амбасадата од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи и има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.