Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за Центарот за аутизам „Blue Puzzle“ од Гостивар
Заменик-амбасадорот Ото Граф заедно со специјалниот едукатор Самир Грбле од НВО „Европски центар за развој, толеранција и соработка“ и заменикот на градоначалникот на општина Гостивар Намик Дурмиши потпишаа договор за донација на инклузивно детско игралиште во дворот на центарот за аутизам во Гостивар „Plue Puzzle“. Донацијата има за цел да овозможи место за игра и забава на децата со попреченост и нивните родители кои го посетуваат центарот за специјални терапии, но и сите останати деца, како и да ја подигне свеста за различностите кај населението.
Финансиската поддршка на овој проект е овозможена преку малите проекти на Амбасадата од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи и има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.