Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за Заводот за рехабилитација за деца и младинци во Скопје
Амбасадорката Петра Дрекслер заедно со директорката на Заводот за рехабилитација на деца и младинци, Асие Пашоли, и претседателката на граѓанското здружение НВО „Ластовица“, Роберта Митревска, потпишаа договор за донација на професионална машина за чистење подови за потребите на Заводот.
Оваа донација ќе влијае на значително подобрување на хигиенските услови во ресурсниот центар при Заводот, а со тоа и на намалување на ризикот од инфекции на посетителите кои секојдневно доаѓаат на различни терапии.
Финансиската поддршка на овој проект е овозможена преку малите проекти на Амбасадата од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи и има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.
Поддршка за Заводот за рехабилитација за деца и младинци во Скопје
актуелно видлива фотографија:
1 /
1