Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за средното стручно училиште „Коле Неделковски“ од Велес
Заменик-амбасадорот Ото Граф потпиша договор за поддршка со претставници на средното стручно училиште „Коле Неделковски“ од Велес за опремување на нова училишна кујна. Со новата кујна значително ќе се подобри наставата за идните готвачи и другите професии во угостителскиот сектор.
Финансиската поддршка на овој проект е овозможена преку малите проекти на Амбасадата од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи и има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во Северна Македонија.
Поддршка за средното стручно училиште „Коле Неделковски“ од Велес
актуелно видлива фотографија:
1 /
1