Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Поддршка за општината Делчево
На 5 јуни 2019 год. амбасадорот Томас Герберих, секретарот на општина Делчево Владимир Мерзликин и директорот на ЈКП Брегалница Стојче Стојковски потпишаа договор за донација во вредност од 7.238,- евра.
Комуналното претпријатие врши различни комунални услуги како одржување на јавна чистота, одржување на паркови и зеленило, одржување на водоводната мрежа, водоснабдување, канализација и др.
Германската амбасада со оваа донација го поддржува ЈПКД Брегалница Делчево во набавка на машина за чистење канализација.
Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.
Поддршка за општината Делчево

Потпишување на договорот во амбасадата

Потпишување на договорот во амбасадата

од лево кон десно: директорот на комуналн. претпријатие, Стојче Стојковски, амбасадорот Герберих, секретарот на општината Делчево, Владимир Мерѕликин, Марина Серафимовска од амбасадата и Дарко Гоцевски, координаторот на комуналното претпријатие