Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Донација за три доброволни противпожарни друштва
На 22.10.2021 г. амбасадорката Анке Холштајн и претседателите на ДППД „Свети Николе“, Благој Тосевски, ДППД „Бајрам Мифтари“, Артан Демири и ДППД „Дојран“, Стојанчо Шулев потпишаа договор за донација на техничка и заштитна опрема во вредност од 22.900,- евра.
Амбасадорката Холштајн нагласи: „Волонтерството е китот на едно општество“ и им се заблагодари на доброволните пожарникари за нивната значајна работа, храброст и залагање токму во моменти кога сме најнесигурни и најисплашени за својата безбедност.
Донацијата се финансира од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи преку фондот за мали проекти и има за цел поттикнување на социјалниот и економскиот развој во земјата-домаќин.
Донација за три доброволни противпожарни друштва
актуелно видлива фотографија:
1 /
1