Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Упатство
Цел:
Целта на малите проекти е унапредување на социјалниот и економски развој. Нивната задачата е директно да одговорат на основните потреби на социјално послабото население.
Општо за тоа какви проекти се погодни да добијат финансирање:
Проекти, кои се корисни за општините, на пример: снабдување со вода за пиење, опремување на училишта или болници, набавка на општо-корисни уреди за заедничка употреба.
Примери за мали проекти:
Во инфраструктурата:
- набавка на инклузивни реквизити за детски игралишта
- опремување на доброволните противпожарни друштва (заштитна облека, уреди)
- набавка на пумпа, генератор, бормашина, преса за глинени цигли, моторни пили, дребонг или уреди за заварување.
Подобрување на приходите и исхраната (особено во земјоделството) и заштита на околината:
- набавка на професионални уреди за чистење (на пример: набавка на индустриска машина за миење садови во домовите за стари лица/ за лица со попречености)
Здравство и санитарни установи
- набавка на медицински уреди / фрижидери за чување вакцини / уреди за дестилирање вода / уреди за анестезија и реанимација
- набавка на кревети во домовите за стари лица / болниците, домовите за згрижување деца / детските градинки
- набавка на колички за домовите за лица со попречености
Училишта и стручно образование
- набавка на мебел / опрема за школска лабораторија / наставен материјал за училиштата, детските градинки
- опремување на работилници / школски училници во стручните училишта
(Листата не е конечна)
Практични примери за проекти кои не се погодни за финансирање:
- доделување на заем / уплата во револвинг кредитен фонд;
- купување на земјиште;
- опрема како лаптоп/фотокопир и сл. за министерства т.е. државни институции;
- информативни брошури за европски туристи;
- набавка на возило без доволно гаранција за финансирање на последователните трошоци;
- оперативна маса во болница, која служи како точка за првичен контакт кај Германците.
Предуслови:
- реализацијата на проектот е одговорност на носителот на проектот (набавка, евентуални градежни зафати); локалниот носител на проектот покрива значителен дел од износот од сопствени средства, на пример во форма на работна рака;
- долгорочен одржлив ефект;
- мора да се гарантира дека новите постројки тековно ќе работат и ќе бидат одржувани, а притоа за Амбасадата не смеат да се појават последователни трошоци;
- подносители на барање: локални носители како НВО, групи за само-помош, локални органи, училишта, детски градинки, јавни здравствени установи.
Тек на постапката:
- неформално претставување на проектот и на предвидените трошоци преку формуларот за контакт на Амбасадата;
- доколку проектот влезе во пред-селекција, тогаш претставник од Амбасадата ќе ја посети локацијата на проектот, а носителот на проектот официјално ќе поднесе барање за проект на образец „Барање до Амбасадата“
! Носителот на проектот задолжително го пополнува ова Барање на германски или на англиски јазик; - Ако Амбасадата го одобри проектот, тогаш се склучува договор за проект меѓу Амбасадата и Носителот на проектот;
- Носителот на проектот на сопствена одговорност ги реализира мерките;
- Амбасадата го исплаќа износот од донацијата по налог на Носителот на проектот, во зависност од напредокот на проектот, евентуално на рати;
- Носителот на проектот приложува доказ за наменската употреба на средствата на германски или на англиски јазик (Извештај со отчет за фактичката состојба и приложување на сметкопотврдите вклучително и оригиналните сметки);
- По завршувањето на проектот, претставник од Амбасадата го посетува проектот.