Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Денови на германскиот филм
Германската амбасада кани заедно со Центарот за Балканска соработка Лоја во Тетово, Europe Houses во Битола и Струмица и Кинотека во Скопје на три од најдобрите филмови во изминатите две години.
The Zone of Interest (Зона на интерес)
Игран филм, Велика Британија, Полска, САД
2023, 105 мин.
Режија: Џонатан Глејзер (Jonathan Glazer)
Филмот ги прикажува ужасите на Холокаустот од перспективата на Хедвиг и Рудолф Хес, командантот на Аушвиц и неговото семејство, кои во својот „дом од бајките“ ѕид до ѕид со логорот на смртта водат крајно привилегиран живот. Главните улоги им припаднаа на Кристиан Фридел и Сандра Хилер. Филм награден со два оскари за баналноста на злото.
Струмица (Europe House): 16.12. во 17:00 ч. (влезот е слободен)
Тетово (Лоја): 18.12. во 19:00 ч. (влезот е слободен)
Ресен (СОУЗ „Цар Самоил“): 20.12. во 12:00 ч. (влезот е слободен)
Скопје (Кинотека): Јануари 2025 г. (термините ќе бидат навреме објавени)
Perfect Days (Совршени денови)
Игран филм, Германија, Јапонија
2023, 124 мин.
Режија: Вим Вендерс (Wim Wenders)
Филмот на Вим Вендерс сниман во Токио доби номинација за Оскар за најдобар меѓународен филм 2024.
Хирајама се чини дека е целосно задоволен со својот едноставен живот како хигиеничар на тоалети во Токио. Надвор од своето силно структурирано секојдневие ужива во пасијата за музика и книги. Сè уште слуша стари касети и чита од распарталени книги. Освен тоа, тој е фасциниран од цвеќиња и уловува особено интересни примероци со својата камера. Сепак, низа на неочекувани средби малку по малку открива повеќе за неговото минато и причините, зошто се чини дека едноставноста на неговиот секојдневен живот му ја носи посакуваната среќа.
Битола (Europe House): 16.12. во 12:30 ч. (влезот е слободен)
Струмица (Europe House): 17.12. во 17:00 ч. (влезот е слободен)
Тетово (Лоја): 19.12. во 19:00 ч. (влезот е слободен)
Скопје (Кинотека): Јануари 2025 г. (термините ќе бидат навреме објавени)
Темни сателити (Dark Satellites)
Игран филм, Германија
2022, 120 мин.
Режија: Томас Штубер (Thomas Stuber)
Оваа драма зборува за осаменоста, загубите и желбата за љубов. Настрана од толпата на големиот град, три различни личности се обидуваат да го заборават своето секојдневие и да најдат љубов.
Струмица (Europe House): 18.12. во 17:00 ч. (влезот е слободен)
Тетово (Лоја): 20.12. во 19:00 ч. (влезот е слободен)
Скопје (Кинотека): Јануари 2025 г. (термините ќе бидат навреме објавени)