Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Информација од Централниот регистар за странци (AZR) или од шенгенскиот нформативен систем (SIS) и потврда за преминување на границата –Grenzübertrittsbescheinigung

Текст

Кои податоци за мене се сочувани во AZR или во SIS? Имам ли забрана за влез во Германија? На овие прашања Амбасадата не може директно да Ви одговори. Дури и прашањето за рокот на траење на евентуалната забрана за влез мора директно да се достави до институцијата што ја изрекла забраната.  
Службата за странци во Германија побарала од Вас да ја напуштите територијата. За документирање на излезот од земјата издадена Ви е потврда за преминување на границата - Grenzübertrittsbescheinigung од надлежната служба за странци.

Информација за лични податоци во Централниот регистaр за странци

Барањето за давање информации за лични податоци од Централниот регистaр за странци мора да се поднесе писмено на германски јазик до Сојузната управна служба Bundesverwaltungsamt (BVA) во Келн. За да се избегне злоупотреба на личните податоци од страна на неовластени лица, барањето за давање на лични податоци може да биде одговорено дури кога ќе се провери идентитетот на засегнатото лице. Неопходната потврда на идентитетот се врши во странство со заверка на потписот од страната на надлежното германско претставништво.

Заверка на потпис од страна на Амбасадата

За заверка на потпис во Амбасадата Скопје не е потребно да имате закажано термин. Можете да дојдете во кој било работен ден од понеделник до четврток од 14:00 до 15:00 часот во Амбасадата. Заверката на потписот може да се направи само ако се појавите лично. Следните документи треба да се приложат:

Ве молиме барањето да го доставите исклучиво до:

Информации од Шенгенскиот информативен систем

Барањето за давање на информации од шенгенскиот информативен систем мора да се поднесе писмено до Сојузната криминалистичка служба „Bundeskriminalamt“ (BKA) во Визбаден. Бидејќи информациите смее да се даваат исклучиво на овластени лица, БКА мора да го провери идентитетот на подносителот на барањето, како и да води сметка за тоа единствено подносителот на барањето да ја добие информацијата. Останатите информации за потребните документи, т.е. за застапување од страна на адвокат можете да ги најдете на интернет страната на BKA.

Барањето начелно треба да се достави на следната адреса:

Потврда за преминување на граница - Grenzübertrittsbescheinigung

Потврдата за преминување на граница - Grenzübertrittsbescheinigung ќе Ви биде издадена од надлежната Служба за странци, кога таа ќе побара од Вас да ја напуштите територијата во одреден рок. Оваа потврда служи како доказ, дека навистина сте ја напуштиле сојузната територија. Кога директно излегувате од Германија и истовремено од шенген-зоната по воздушен пат, надлежната погранична служба ја зема потврдата за премин на границата и ја обработува. Ако излезот е преку друга шенген-држава, тогаш потврдата за премин на границата треба лично да се предаде во надлежното германско претставништво односно во германската амбасада во земјата од која потекнувате.  

Амбасадата може на образецот на Службата за странци да потврди, дека лично сте дошле во Амбасадата во Скопје. Оваа потврда начелно не се наплаќа. Потврдата се испраќа директно на Службите за странци и не им се издава на подносителите на барањата.

За предавање на потврдата за преминување на граница - Grenzübertrittsbescheinigung во Амбасадата во Скопје не е потребно да се закаже термин. Можете да дојдете секој работен ден од понеделник до четврток од 14:00 до 15:00 часот во Амбасадата. Потврдата за преминување на границата можете да ја доставите само лично во Амбасадата во Скопје, и децата мора исто така  лично да се појават. Следните документи треба да ги носите со себе:

  • Вашата важечка патна исправа т.е. документ за лична идентификација со печат за излез од земјата (во оригинал и една копија од страницата со фотографијата и од сите страници на кои има печат за излез). Ако на терминот не приложите копии од страницата во пасошот со фотографија и од страницата со печатите за излез, тогаш ќе Ви се наплатат 24 евра за секоја заверка на копиите. Затоа Ви препорачуваме, самостојно да направите копии пред да дојдете во Амбасада.
  • Oбразец од Службата за странци во оригинал (потврда за преминување на граница - Grenzübertrittsbescheinigung).

Информација:  Доколку не може да се приложи потврда за преминување на граница, а излезот од земјата треба да се докаже кај германските служби, постои алтернатива Амбасадата да издаде конзуларна потврда, која лично подносителот на барањето мора да ја испрати до службата во Германија што ја бара потврдата. Таксата за оваа потврда изнесува 34 евра. Подносителот на барањето се замолува да ги наведе податоците за контакт на службата што ја бара потврдата (на пр. со приложување на мејл или писмо од горенаведената служба).

Почеток на страницата