Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Развод
Одлуките за брачни спорови во Северна Македонија како и во Германија, се признаваат од другата држава само со посебна постапка.
Развод во странство: потребно ли е признавање на разводот во Германија?
Одлуките за брачни спорови што се донесени во една од земјите-членки на ЕУ (освен Данска), по правило се признаваат и во другите земји-членки без да има потреба од посебна судска постапка.
За останатите странски одлуки, т.е. и за македонските, со кои бракот се прогласува за ништожен, поништен или разведен или со која се констатира постоењето или непостоењето на бракот, начелно потребно е спроведување на постапка за признавање од страна на покраинските правни управи. Правна основа за тоа претставува чл. 107 став 1 од Законот за постапки за семејни односи и за предмети меѓу граѓаните кои се решаваат доброволно (FamFG). Според германското законодавство, бракот на германски државјанин, кој е разведен пред македонски суд, се смета и понатаму за валиден, доколку не е спроведена ваква постапка.
Постапката за признавање не е неопходна само кога станува збор за одлуки на судови и органи на државата, чиешто државјанство го имале двајцата брачни партнери во моментот на донесувањето на одлуката.
Надлежност: надлежна е правната администрација на сојузната покраина, во која еден од брачните партнери го има своето вообичаено место на живеење, или доколку ниеден од брачните партнери не живее во Германија, тогаш покраината, во која треба да се склучи нов брак. Ако ниеден од брачните партнери нема живеалиште во Германија, надлежноста преминува кај сенатската управа за правда во Берлин (в.д.).
Поднесување на барање: одлуката се носи само со поднесување на барање. Освен дотичните брачни партнери, право да поднесе барање има секое лице кое може да го покаже правниот интерес за проверка на статусот (на пр. вереница, подоцнежен брачен партнер или наследниците). За подетални информации, на пример, за поднесување на барање, потребни документи или такси, обратете се до надлежната институција.
Адресите на поединечните покраински правни институции, објавени на страната на Сојузната служба за правда, можете да ги најдете овде.