Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Новиот Закон за доселување на стручна работна сила / Gjermania hap tregun e punës për punëtorë të kualifikuar nga shtetet jo anëtare të BE-së

19.02.2020 - FAQ

Амбасадорот Томас Герберих
Амбасадорот Томас Герберих© Германска амбасада Скопје
Амбасадорот Герберих Ве информира преку видео порака за суштинското од Законот за доселување на стручна работна сила. За видеото кликнете тука.


Поопширни информации може да се најдат подолу
Овде ќе ги најдете одговорите во врска со доселувањето на стручни лица и стекнување на работен однос во Германија според новиот Закон за доселување на стручни лица.

Për informacione në gjuhën shqipe, Ju lutemi klikoni këtu

FAQ

Има разлика меѓу вработување како стручно лице и други вработувања. Пред почнување со работа врз основа на вработување, потребна Ви е дозвола за престој, која Ви дозволува извршување на работната дејност*. Пред влез во Германија мора да поднесете барање за виза кај германското претставништво (амбасада или генерален конзулат), кое е надлежно за Вас**. Најчесто, визата може да се додели само ако претходно Сојузната агенција за вработување  дала дозвола. Доколку веќе сте престојувале во Германија, Управата за странци во Вашето идно место на живеење мора исто така да даде согласност. Вообичаено, надлежното германско претставништво ги обезбедува овие согласности. Ако се исполнети сите услови, добивате национална виза со важност од шест месеци. За време на важноста на оваа виза, мора да поднесете барање за престој кај Управата за странци.

*Тоа не важи доколку подлежите на европското право за слободно движење, т.е. ако сте државјани на земјите-членки на ЕУ, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија. Тие патуваат без визи во Германија и ним не им е потребна работна дозвола.

**Доколку сте државјанин на Австралија, Израел, Јапонија, Канада и Република Кореа, Нов Зеланд и САД, може да влезете во земјата без виза. Тогаш, дозвола за престој ќе побарате кај Управата за странци во Вашето идно место на живеење во земјата. Доколку веднаш по Вашиот влез во Германија почнете да работите, односно доколку би сакале да почнете да работите пред да ја добиете дозволата за престој, мора да поднесете барање за виза.

Има разлика меѓу стручно лице со завршено стручно образование и стручно лице  со академско образование. Образованијата во странство мора да бидат признати во Германија. Стручни лица со стручно образование мора да имаат завршено квалификувана средно стручно образование, за кое според германското право се предвидува времетраење на образовниот процес од најмалку две години. Стручни лица со академско образование мора да докажат дека завршиле високо образование. Стручни лица смеат да извршуваат само квалификувана дејност

Како стручно лице може да добиете дозвола за престој за работа ако:

  • Вашата странска квалификација е призната* во Германија;
  • Веќе сте добиле конкретна понуда за работно место. Во врска со тоа, замолете го Вашиот иден работодавач да го пополни образецот „Образложение за работниот однос„ (Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis);
  • Веќе сте ја добиле дозволата за извршување на Вашата професија (или таа Ви е гарантирана), доколку сакате да работите во таканаречената професија одредена според прописи (на пример, здравство);
  • Ги исполнувате општите услови во врска со правото за странци, на пример, важечки пасош, сигурна издршка, итн.

Барањето за виза треба да се поднесе дури тогаш, кога ќе ги исполните сите услови и може да поднесете комплетна документација. Ако Вашата странска квалификација сѐ уште не е призната, Вашето барање за виза не може да се обработи.

*Ако сте завршиле средно стручно образование или високо образование во Германија, тогаш не Ви е потребно признавање на Вашето образование. Различни институции се надлежни за признавањето на странски квалификации. Поопширни информации може да најдете на:

- www.make-it-in-germany.com
- www.Anerkennung-in-Deutschland.de
- Телефон на тема „Работење и живеење во Германија“: +49 30 1815 - 1111
- Централа за образованието во странство
Ако поседувате високо образование и сакате да работите во професија што не е уредена со прописи, може да е доволно ако Вашето високо образование е наведено во банката на податоци Анабин. Поопширни информации може да најдете овде: https://anabin.kmk.org/anabin.html.

**Во иднина може да го симнете образецот овде. Работниот однос во Германија мора да им подлежи на законите за социјално осигурување.

***Информации за професиите уредени со прописи може да се најдат на линкот www.anerkennung-in-deutschland.de. Институците кои ги издаваат дозволите за извршување на професијата, одлучуваат, исто така, и за признавањето на Вашата квалификација

Ако ги исполнувате условите како стручни лица, може да поднесете барање за Сина карта ЕУ, ако:

  • Имате конкретна понуда за работно место за најмалку една година,
  • Работата е соодветна на Вашата квалификација,
  • Вашата годишна плата ќе изнесува најмалку 55.200 евра бруто.

Во тој случај нема потреба од согласност од Сојузната агенција за работа.

За одредени професии* (лекари, стручни лица од областа на инженерство, природно-математички науки, информатичка технологија) доволно се и примања од 43.056 евра бруто годишно, доколку Сојузната агенција за работа го одобри тоа.

Ако не ги исполнувате условите за Сина карта ЕУ, може да добиете дозвола за престој за квалификувана дејност, за која Ве оспособува Вашата квалификација. Тоа значи дека врз основа на Вашата квалификација мора да бидете способни за извршување на конкретните работни задачи. Занимања како помошници или чираци не спаѓаат тука; во секој случај мора да станува збор за квалификувано занимање. Дали Вашата странска квалификација одговара на посакуваното занимање, се проверува од страна на Сојузната агенција за работа.

*Списокот со професиите од областите „Математика, информатика, природни науки и технологија“ може да го најдете овде.

Може да добиете дозвола за престој за извршување на квалификувана дејност, за која Ве оспособува Вашата квалификација. Тоа значи дека се можни занимања во сродни струки. Но, врз основа на Вашата квалификација мора да бидете способни да ги извршувате конкретните работни задачи. Занимања како помошници или чираци не спаѓаат тука; во секој случај мора да станува збор за квалификувана дејност. Дали Вашата странска квалификација одговара на посакуваното занимање, се проверува од страна на Сојузната агенција за работа.

Да. Ако не може да добиете Сина карта ЕУ и Вашата годишна плата ќе изнесува помалку од 45.540 евра бруто, мора да се донесе дополнително доказ за соодветно пензиско осигурување. Како доказ за дополнителна пензија може да се сметат пензиите од законското пензиско осигурување од Вашата матична земја или од други земји, приватни пензиски или животни осигурувања или недвижнини или друг имот.

Од 1 март 2020 година ќе се воведе минимален личен приход за вработените над 45 години.За да добијат одобрение од Сојузната агенција за вработување, тие треба да докажат бруто месечен личен приход најмалку од 3.795,00 евра.Ова важи за сите вработувања, независно од видот на планираното вработување, т.е. како за стручна работна сила според законот за доселување на стручна работна сила, така и за работна виза за државјаните на земјите од Западен балкан, согласно член 26 (2) од Регулативата за вработување на Сојузна Република Германија.

Може да поднесете барање за престој за истражувачи ако имате склучено спогодба за истражувачки проект со јавна или приватна истражувачка установа. Посебна постапка за признавање на Вашата квалификација не е потребна. Меѓутоа, мора да имате најмалку завршено високо образование, кое го дозволува пристапот кон докторски програми. Дозволата за престој за истражувачи не мора да биде условувана со работен договор, на пример, и стипендисти може да поднесат барање за таков вид дозвола за престој. Ако, исто така, ги исполнувате условите и за Сина карта ЕУ, може да бирате меѓу неа и дозволата за престој за истражувачи. Ако доаѓате со цел докторски студии и сакате да се запишете на германска високообразовна установа, Ве сметаат за истражувач доколку имате склучен работен договор со таа установа или со некоја истражувачка установа. Ако учествувате на целосна студиска програма без работен договор, мора да поднесете барање за престој за студии.

Во врска со занимања во областа на информатичката и комуникациската технологија не мора да ја докажете Вашата квалификација како стручно лице, ако ги исполнувате следните услови:

  • Споредливи квалификации стекнати во последните седум години со најмалку тригодишно работно искуство
  • Годишна бруто плата од најмалку 49.680 евра
  • германски јазични познавања на ниво Б1; во оправдани случаи тоа не е потребно (на пример, ако приложите доказ дека за конкретното работно место потребни се исклучиво англиски јазични познавања)

Независно од квалификацијата како стручно лице, дозволи за престој може да се доделат за занимањата, што се регулирани во Правилникот на занимања. Тука спаѓаат, на пример, раководни лица во претпријатија, одредени делегирани лица, професионални возачи, врвни готвачи, уметници, спортисти, одредени видови пракса, деташирани работници. Вообичаено не е потребна посебна постапка за признавање на  Вашата квалификација. Ако сакате да работите во професија уредена со прописи, мора да биде издадена односно загарантирана дозволата за извршување на дејноста/професијата. Покрај тоа, државјаните од одредени земји* може да добијат дозвола за секој вид занимање. За повеќето од овие случаи, Сојузната агенција за работа мора да даде согласност. Во случај на делегирање (испраќање односно интерни трансфери во претпријатија) на раководни лица, специјалисти и практиканти може да се издаде ICT-карта.

*Станува збор за следните држави: Андора, Австралија, Израел, Јапонија, Канада, Република Кореа, Монако, Нов Зеланд, Сан Марино, САД (§ 26 став 1 од Правилникот за занимања).
До крајот на 2020 година, исто така: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија (§ 26 став 2 од Правилникот за занимања).

Брачниот другар/брачната другарка на стручното лице како и неговите малолетни деца (значи, таканареченото тесно семејство) може да поднесат барање за виза со цел спојување на семејството. Барањата може да се поднесат уште  кога стручното лице го поднесува своето барање за виза. За да се добие позитивно решение на барањата, важно е да се обезбедени егзистенцијата и доволно голем простор за живеење за целото семејство без никаква поддршка од германската држава. Начелно, од брачниот другар/брачната другарка се очекува да се стекне со познавање на германскиот јазик пред да се досели во Германија. Кога ќе поднесе барање за виза треба да може веќе да приложи и јазичен сертификат за најниското ниво, т.е. А1. Исклучок постои само тогаш, кога стручното лице ги исполнува условите за Сина карта ЕУ. Барањата за тесното семејство може да се поднесат и подоцна. И во тој случај мора да се приложат и докази за дејноста на стручното лице во Германија, за обезбедена егзистенција и простор за живеење и за познавањата на германскиот јазик. Деца, кои веќе наполниле 16 години, а сакаат подоцна да се доселат кај нивните родители, мора да го совладат германскиот јазик.

Како стручно лице може да поднесете барање за виза со важност од шест месеци и со цел барање на работно место, за кое ја поседувате соодветната квалификација и доколку Вашата странска квалификација е веќе признаена*. Ако сакате да работите во таканаречената професија уредена со прописи (на пример, во здравство), мора да ја докажете издадената дозвола за извршување на дејноста, односно дека имате гаранција дека таа ќе Ви биде издадена. Стручни лица со завршено средно стручно образование мора да го докажат познавањето на германскиот јазик, кое треба да е соодветно на работата што сакате да ја работите (вообичаено тоа е ниво Б1)**.

Со визата смеете да извршувате одредени работни задачи пробно до 10 часа неделно.

Доселување на семејството не е предвидено за овој вид престој.

* Ако сте завршиле средно стручно образование или високо образование во Германија, тогаш не Ви е потребно признавање на Вашето образование. Различни институции се надлежни за признавањето на странски квалификации. Поопширни информации може да најдете на:

- www.make-it-in-germany.com
- www.Anerkennung-in-Deutschland.de
- Телефон на тема „Работење и живеење во Германија“: +49 30 1815 - 1111
- Централа за образованието во странство
Ако поседувате високо образование и сакате да работите во професија што не е уредена со прописи, може да е доволно ако Вашето високо образование е наведено во банката на податоци Анабин. Поопширни информации може да најдете овде: https://anabin.kmk.org/anabin.html.

**Информации во врска со професии уредени со происи може да најдете овде. Установите што ги издаваат дозволите за извршување на занимањата исто така одлучуваат за признавањето на Вашата квалификација.

Ако Вашето средно стручно образование стекнато во странство не е целосно признато и се констатираат дефицити во споредба со соодветното германско образование, имате можност да се усовршите преку квалификациски мерки во Германија, што ќе овозможат целосно признавање на Вашето образование. Престојот за такви мерки важи 18 месеци, а може да се продолжи на вкупно најмногу две години. Вообичаениот услов се познавања на германскиот јазик на ниво А2. Работењето паралелно со мерките е возможно, но подлежи на одредени ограничувања.

Во рамките на посредништвото меѓу Сојузната агенција за работа и работните управи во избрани земји за одредени видови на занимања, ќе биде возможно постапката за признавање да се спроведе во Германија, а паралелно со постапката веќе да се извршува планираната дејност.

Да, имате можност да се доселите во Германија со цел образование односно посетување на школско образование или средно стручно образование. Можно е  и да се посетува јазичен курс, специјализиран за подготовка на Вашиот образовниот процес (средно стручно образование) односно поврзан со професијата. За да се стекнете со квалификувано средно стручно образование потребни се познавања на германскиот јазик минимум на ниво Б1, што мора да го докажете. Тоа не важи ако потребните јазични познавања треба да се стекнат со посета на подготвителен јазичен курс или пак се потврдени од страна на образовната установа во Германија.

Покрај посета на средно стручно образование, дозволена е дејност до 10 часа неделно.

Ако не сте постари од 25 години, може да одите во Германија и поради барање на место за стекнување на средно стручно образование. За таа намена, потребни Ви се познавања на германскиот јазик ниво Б2 и диплома од германско училиште во странство, односно диплома која дава право за упис на високообразовна установа. Овој престој важи до шест месеци.

Студирање во Германија е возможно, исто така, и спроведување на мерки како подготовка на студиите, на пример јазичен курс. Покрај студиите смеете да работите до 120 цели или 240 дена по пола работно време годишно. Може да патувате во Германија и на пракса како подготовка на студиите, но во тој случај, смеете да работите само за време на распустот. Исто така, може да дојдете во Германија до девет месеци за барање на место на една од високообразовните установи. Вработување за време на овој престој не е дозволено.

Ако веќе сте нашле работодавач, може да го овластите во Ваше име да поднесе барање за забрзана постапка за стручни лица* кај Управата за странци во местото каде што ќе работите. Управата за странци го советува Вашиот работодавач и го поддржува во врска со постапката за признавање на Вашата странска квалификација. Таа ќе се погрижи за согласноста што ја издава Сојузната агенција за работа. Установите за признавање и Сојузната агенција за работа мора да донесат одлуки во одредени рокови. Таксата за оваа постапка изнесува 411 евра. Дополнително има и такси за признавање на Вашата квалификација. Откако ќе се исполнат сите услови кои може да се проверат во Германија, Управата за странци ќе издаде таканаречена пред-согласност, која ќе Ви биде доставена од страна на работодавачот. Веднаш откако сте ја добиле, може да закажете термин во Германската амбасада за поднесување на барање за виза. Терминот мора да се реализира во рок од три недели. На терминот мора да го поднесете оригиналот на пред-согласноста како и други документи**. Амбасадата вообичаено одлучува за Вашето барање за виза во рок од три недели. Таксата за виза изнесува 75 евра.

*Забрзаната постапка е возможна кај:
- стручни лица со завршено средно стручно образование
- стручни лица со завршено академско образование
- висококвалификувани
- истражувачи/научници
- раководни лица
- посетување на средно стручно образование во Германија
- мерки за признавање на професионалните квалификации стекнати во странство.

**Списокот на документи кои треба да бидат приложени при поднесувањето на барање за виза, може да ги најдете на веб-страната на Амбасадата.

Забрзаната постапка за стручни лица стои на располагање исклучиво за стручни лица и неколку споредливи случаи. Вашиот работавач може да поднесе барање за пред-согласност и кај Сојузната агенција за работа. Меѓутоа, Сојузната агенција ги проверува само условите за самото работно место, но не и другите услови потребни за доделување на визата. Исто така, оваа постапка не е соодветна ако Ви е потребна поддршка во врска со признавањето на Вашата квалификација како стручно лице. Но, оваа постапка има смисла, ако во рамките на делегирање сакате привремено да работите во Германија.

Информации и совет може да се добијат:

  • Преку информацискиот портал на Сојузната Влада за стручни лица од странство Make it in Germany „www.make-it-in-germany.com“,
  • Преку информацискиот портал на Сојузната влада за постапката за признавање на странски квалификации „www.anerkennung-in-deutschland.de“,
  • Кај  советувалиштето за признавање на хотлајнот „Работење и живеење во Германија“ онлајн или телефонски на +49 30 1815 – 1111,
  • Кај Централната сервисна установа за признавање на занимања (ZSBA) (од 01.03.2020) и

И со помош на различни понуди за советување во странство (на пример советувалиште за признавање во рамките на разни трговски комори. Преглед може да најдете на www.anerkennung-in-deutschland.de).

Почеток на страницата