Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Доказ за познавање на германски јазик

Текст

При постапката за виза за најразлични цели за престој (приклучување кон семејство: кон брачен другар, деца од 16 години кон родители, работна виза за здравствени професии и сл.) апликантите треба да докажат дека поседуваат познавања на германски јазик на А1, А2, Б1, Б2, Ц1, Ц2 ниво, во согласност со Заедничката Европска референтна рамка за јазици на Советот на Европа. Како доказ, уште при поднесување на барањето за виза мора да се приложи јазичен сертификат, кој е издаден врз основа на стандардизиран јазичен испит според „Асоцијација на јазични центри за тестирање во Европа (АЛТЕ)”, („Association of Language Testers in Europe (ALTE)”). Информација околу потребното ниво на познавање на германски јазик за соодветната цел на престој Ви е достапна во соодветниот информативен лист.

Во Република Северна Македонија лиценца за издавање на соодветен јазичен сертификат поседуваат следниве лиценцирани јазични училишта и испитни центри:


Goethe-Institut (Гете  Институт)
бул. 8 Септември 18-1/5, 1000 Скопје
Тел./факс: +389 2 3121 604
Е-пошта: info-skopje@goethe.de
Интернет

Лиценциран испитен центар на ОСД (ÖSD-Prüfungszentrum) во Тетово
German Language Examination Center
Илинденска 335, 201.01/4, 1200 Тетово
Моб.: +389 71 784 185
Е-пошта: german.language@ecenter.com.mk
Интернет

Училиште за јазици ЛингваЛинк
Васил Ѓоргов 33, 1000 Скопје
Тел./ факс:  +389 2 322 57 55,  +389 2 322 2189; моб.: +389 75 328 855, +389 70 212 129
Е-пошта: LinguaLink@on.net.mk , lingualink2002@gmail.com
Интернет

ПЛУС Едукативен центар
Ѓорги Поп Христов 4/локал 1, 1000 Скопје
Тел.: +389 72 585 171
Е-пошта: plus-edu@hotmail.com
Интернет: https://www.pluseducationcenter.com

Термини за јазични испити како и информации за содржината и нивото на испитот Ви се достапни телефонски или на веб-страните на лиценцираните институти. Каде и како ќе се изучува германскиот јазик е ирелевантно. Веродостојноста, актуелноста и исправноста на јазичниот сертификат како и нивото на познавање на германскиот јазик на барателот секако ќе биде проверено од страна на одделот за виза.

Исто така НЕ може да се прифатат јазични сертификати за делумно положени јазични индивидуални вештини/модули „зборување, пишување, читање, слушање“, туку само јазични сертификати кои ги вклучуваат сите 4 вештини/модули. Ве молиме имајте во предвид дека јазичниот сертификат на денот на поднесување на барањето НЕ смее да биде постар од 1 година. Постари јазични сертификати начелно не се прифаќаат.

При постапката за виза ВАЖАТ и СЕ ПРИФАЌААТ САМО јазичните сертификати од следните лиценцирани институти, без разлика дали се издадени во Република Северна Македонија или во друга земја: 

  • Гете Институт - Goethe-Institut e.V. (GI),
  • Здружение на австриска јазична диплома за германски јазик - Verein Österreichisches Sprachdiplom Deutsch (ÖSD),
  • телк доо - telc gGmbH (TELC) – освен јазичните сертификати издадени од испитните центри во Србија,
  • Европски конзорциум за сертификат за познавање на современи јазици - European Consortium for the Certificate of Attainment in Modern Languages (ECL)).

Сите други сертификати како и потврди од училишта за јазици, кои само го потврдуваат учеството на јазичен курс, НЕ СЕ ПРИФАЌААТ при постапката за виза

Почеток на страницата