Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Работна виза за чување деца (AU – PAIR), (§12 BeschV)

Текст

Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.

Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.

За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната агенција за вработување и во одреден случај и надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 3 до 4 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.

Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копија.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!

При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:

  • 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Ве молиме испечатете ги сите страници од барањето за национална виза и приложете ги сите страници заедно со QR-кодот.
  • 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
  • 1 формулар Упатство за приложување на понуда за работно место, своерачно потпишан
  • Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
  • 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копиja. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
  • Такса - таксата за апликацијата изнесува 75,00 евра. Таксата се плаќа или со кредитна картичка или во готово исклучиво во ЕВРO-банкноти, монети не се прифаќаат.
  • Au-Pair-договор, потпишан од двете страни (семејството од Германија и дадилката), во оригинал и 1 копија. Договорот треба да ги содржи сите потребни податоци, пред се почеток и времетраење на престојот како Au-Pair, опис на активностите, број и возраст на децата, висина на платата, здравственото осигурување.
    Пример за Au-Pair-договор
  • Прашалник за Au-Pair за семејството каде ќе се престојува, целосно пополнето и потпишано од ова семејство, во оригинал и една копија
  • Мотивационо писмо на германски јазик, со наведување на причините за престојот како Au-Pair во Германија, своерачно потпишанo.
  • Дополнително кај студенти:
    • потврда од факултет, во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копија.

Забелешка:

  • Потребните основни познавања на германски јазик ќе се проверуваат или при поднесување на барањето или можат да се докажат со признат јазичен сертификат.
    Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.
  • Работниот однос како Au-Pair најрано може да се започне со навршена осумнаесетгодишна возраст. Барањето за виза за престој може да се поднесе најдоцна на 26 години.
  • Барањето не смее да се поднесе подолго од 6 месеци пред договорениот почеток на дејноста како Аu-pair.
  • Можен е само еден престој како Au-Pair.

ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG

Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.

Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.

Скопје / Skopje ___________________                       Потпис / Unterschrift______________________

Почеток на страницата