Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Професионални возачи (§24a BeschV)

Текст

Информација за поднесување на барања за виза за професионални возачи на камиони во рамките на Регулативата за Западен Балкан

Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.

Доколку веќе поседувате возачка дозвола од ЕУ/ЕЕО (Европска економска област) како и потребни квалификации (основна квалификација во согласност со член 2 од Законот за квалификации на професионалните возачи (§2  Berufskraftfahrerqualifikationsgesetz – BKrFQG) и/или дообука во согласност со член 5 од Законот за квалификации на професионалните возачи (§5 Berufskraftfahrerqualifikationsgesetz - BKrFQG), потребно е да ги доставите доказите според варијанта 1. Доколку не поседувате возачка дозвола од ЕУ/ЕЕО (Европска економска област) и/или потребни квалификации, за Вас важи варијанта 2.

Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.

За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната агенција за вработување и во одреден случај и надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 3 до 4 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.

Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 2 копии.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!

При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:

  • 2 обрасци за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
  • 2 формулари - поукасвоерачно потпишани.
  • Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
  • 3 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 2 фотографии залепете на предвиденото место на обрасците за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
  • Такса - таксата за апликацијата од 75,00 евра се плаќа во готово.
  • За лица над 45 години, дополнително:
    Доказ за обезбедување на доволни средства за живот во пензија. Доказот може да сe приложи во вид на: минимален месечен бруто личен приход од 4.015,00 евра (2023)
    ИЛИ
    докази за соодветни средства за покривање на животните трошоци во пензија, во оригинал и 2 копии, во одреден случај превод на германски јазик. . (право на примања од државниот/приватниот пензиски фонд, животно осигурување и сл. Пример: Уверение за утврдени податоци за стаж и плата, односно Преглед на регистрирани податоци во матичната евиденција од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија - ПИОСМ).

Во зависност од варијантата која се однесува на Вас, потребно е да се достават следните документи:

Варијанта 1: ЕУ или ЕЕО возачка дозвола и важечка потребна квалификација

  • ЕУ/ЕЕО возачка дозвола со следниве категории C1, C1E, C, CE, D1, D1E, D или DE, во оригинал и 2 копии.
  • Изјава за работен однос  - Сојузна агенција за вработување (Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis - Bundesagentur für Arbeit), (не постара од 6 месеци): комплетно пополнета (секоја точка) и потпишана од работодавачот, во оригинал и 2 копии.
    Се препорачува работодавачот пред потпишување на договорот да се информира за висината на актуелниот личен приход за конкретното работното место во Сојузната агенција за вработување во Германија.
  • Доказ за основна квалификација, во оригинал и 2 копии, во даден случај со превод на германски јазик.
    Доказот можете да го приложите во вид на еден од следниве документи:
    - Доказ дека кодот 95 е внесен во ЕУ/ЕЕО возачката дозвола ИЛИ
    - Доказ за стекнати квалификации за возач во некоја ЕУ/ЕЕО-држава ИЛИ
    - ЕУ-потврда за управување со моторно возило за возачи од трети земји (EU-Fahrerbescheinigung).
  • Доказ дека за периодот на стекнување на основната квалификација:
    1. сте биле во работен однос во претпријатие во соодветната ЕУ/ЕЕО-држава.
    Доказот, кој мора да се достави и во случај ако основната квалификација е стекната во Германија,  во зависност од констелацијата, може да се приложи во вид на еден од следниве документи:
    - ЕУ-потврда за управување со моторно возило за возачи од трети земји (EU-Fahrerbescheinigung),
    - потврда од работодавачот дека за периодот на стекнување на ЕУ/ЕЕО основната квалификација, сте биле во работен однос во претпријатие,
    - договор за работа,
    - потврда за личен приход.
    2. сте поседувале работна дозвола и дозвола за престој, во оригинал и 2 копии, во даден случај со превод на германски јазик.

Варијанта 2: без ЕУ или ЕЕО возачка дозвола и/или потребна квалификација

  • Возачка дозвола за професионален возач со следниве категории C1, C1E, C, CE, D1, D1E, D или DE, во оригинал и 2 копии.
    Напомена: за македонска возачка дозвола со D категорија, издадена пред 09.10.2008 година, или со CE, C категорија, издадена пред 09.10.2009 година, не е потребна основната квалификација, но потребна е дообука во согласност со член 5 од Законот за квалификации на професионалните возачи (§5 Berufskraftfahrerqualifikationsgesetz - BKrFQG) пред да се вработите како професионален возач.
  • Изјава за работен однос - Сојузна агенција за вработување (Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis - Bundesagentur für Arbeit), (не постара од 6 месеци): комплетно пополнета (секоја точка) и потпишана од работодавачот, во оригинал и 2 копии.
    Се препорачува работодавачот пред потпишување на договорот да се информира за висината на актуелниот личен приход за конкретното работното место во Сојузната агенција за вработување во Германија.

    Под точка 7.4. во изјавата за работен однос работодавачот мора да потврди:
    дека мерката за квалификација (основна квалификација или дообука) ќе биде реализирана и дека ЕУ/ЕЕO возачката дозвола ќе се стекне во временски период од 15 месеци. За таа цел, потребно е да се образложи кои мерки за понатамошна обука и во кој обем ќе се посетуваат. Ова важи и за учеството на јазични курсеви вон работното време.

    Под точка 6 во изјавата за работен однос работодавачот мора да наведе:
    која работна позиција ќе се извршува за време на мерките за квалификација и која работна позиција е предвидена по завршувањето на мерките за квалификација.
  • Доказ за претстојна основна квалификација или дообука, во оригинал и 2 копии.
    Доказот можете да го приложите во вид на еден од следниве документи:
    - потврда за пријава за курс,
    - договор за стручна обука со автошкола во Германија. 
  • Доказ за познавање на германски јазик на Б1 ниво, во оригинал и 2 копии.
    Доказот за познавање на германски јазик е потребен за успешно учество во процесот на стекнување на основната квалификација.
    Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.
    Доколку треба да се посетува само обука за доусовршување во Германија и со потврда се докаже дека обуката ќе се спроведе на Вашиот мајчин јазик, не треба да приложите доказ за познавање на германски јазик. Доколку обуката за доусовршување не се спроведува на Вашиот мајчин јазик, потребен е доказ за познавање на германски јазик на Б1 ниво.

Забелешка: Од моментот на пријавување на место на живеење во Сојузна Република Германија странската возачка дозвола е важечка само шест месеци.
Информации за стекнување на германска возачка дозвола можете да ги добиете од надлежните служби во Германија.

ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG

Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.

Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.

Скопје / Skopje ___________________                       Потпис / Unterschrift______________________

Почеток на страницата