Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Забрзана постапка за стручна работна сила
I Информации за постапката
Забрзаната постапка за стручна работна сила ја скратува постапката за признавање на еквивалентноста на стручното образование и постапката за издавање на виза. Постапката е наменета за следните видови на категории:
- Стручна работна сила со средно стручно образование (§§ 16d und 18a AufenthG)
- Стручна работна сила со академско образование (18b AufenthG)
- Високо квалификувани лица
- Научни истражувачи/научници
- Стручњаци на раководна позиција
- Стручно образование и стручно усовршување (§16a AufenthG)
- Стручна работна сила од областа на информатичката технологија без високо образование
Следните информации односно чекори се важни:
- Вие го овластувате идниот работодавач/образовна институција да започне забрзана постапка за стручна работна сила во соодветната Служба за странци во Германија. Примерок на полномошно можете да најдете тука.
- Службата за странци го советува Вашиот иден работодавач/образовна институција, го поддржува во спроведувањето на постапката за признавање на квалификацијата стекната во странство и ја прибавува согласноста од Сојузната агенција за вработување. Службите надлежни за признавање на стручното образование и Сојузната агенција за вработување се должни во одреден рок да постапат по Вашето барање.
- Кога сите услови се исполнети, Службата за странци издава документ т.н. Претходна согласност (Vorabzustimmung) и Вашиот работодавач има обврска да ви ја препрати. Во овој документ, Службата за странци наведува кои документи биле приложени во копија и истите ќе треба вие да ги доставите во оригинал во Германска амбасада при поднесување на барање за виза.
- Членовите на Вашето семејство паралелно се регистрираат за термин во рубриката „листа на чекање за национални визи“ - „Termin-Warteliste für nationale Sichtvermerke“. Ве молиме во полето „Цел на барање за виза“ - „Grund der Beantragung“ внесето следно: „Mein Partner/Elternteil stellt erst noch einen Antrag als Fachkraft (FEG)“ - мојот партнер/родител ќе поднесе барање за стручна работна сила (FEG)“.
- Ве молиме внесете ги податоците за регистрацијата на членовите на семејството во табелата и истата приложете ја при поднесување на барањето за виза. Членовите на Вашето семејство ќе добијат термин за поднесување на барањето за виза откако Вашето барање ќе биде конечно обработено. Членовите на Вашето семејство ги подготвуваат потребните документи во согласност со нашите информативни листови.
Familienangehöriger (членови на семејството) Ehepartner/in – сопруг/а Tochter/Sohn – син/ќерка | Name Презиме | Vorname Име | Passnummer Број на пасош | Referenznummer Регистарски број |
7. По правило Германската амбасада решава по Вашето комплетно поднесено барање за виза во рок од 3 недели.
8. Таксата за забрзана постапка за стручна работна сила кај Службата за странци изнесува 411,- евра. Дополнителни трошоци се: таксата за апликацијата за виза од 75,- евра како и трошоци за постапката за признавање на стручното образование.
II Информации за потребни документи
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 2 копии.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:
- 2 обрасци за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
- 2 формулари - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 3 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 2 фотографии залепете на предвиденото место на обрасците за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Такса - таксата за апликацијата од 75,00 евра се плаќа во готово.
- Претходна согласност (Vorabzustimmung) од надлежната Служба за странци според член §81a од Законот за престој (§81a AufenthG), во 2 копии.
- Доказ за завршено образование (диплома, свидетелства, уверение и сл.), во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
- Доказ за познавање на германски јазик. Доколку во рамките на забрзаната постапка за стручна работна сила сте приложиле сертификат за познавање на германски јазик, истиот ќе мора да го приложите и во Амбасадата при поднесување на барањето за виза, во оригинал и 2 копии.
Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________