Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Виза за склучување брак во Германија

Текст

Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.

Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.

За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 10 до 12 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.

Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копија.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!

При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:

  • 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
  • 1 формулар - поукасвоерачно потпишани.
  • Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
  • 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографии залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копија. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
  • Такса - таксата за апликацијата изнесува 75,00 евра. Таксата се плаќа или со кредитна картичка или во готово исклучиво во ЕВРO-банкноти, монети не се прифаќаат.
  • Доказ од надлежната матична служба во Германија, дека се исполнети сите услови за склучување брак, во оригинал и 1 копија.
  • Официјален јазичен сертификат „Германски Старт 1“ („Start Deutsch 1“) од Гете институтот (Goethe Institut), „Германски Старт 1“ („Start Deutsch 1“) од Телк доо (Telc GmbH) или „Австриска јазична диплома германски 1“ („Österreichisches Sprachdiplom Deutsch 1“), во оригинал и 1 копија. Подетални информации ќе најдете овде.
    Законот предвидува и исклучоци од доставување на доказ за познавање на германски јазик. Подетални информации ќе најдете овде.
  • Пријава за местото на живеење  на идниот брачен другар во Германија, во оригинал и 1 копија.
  • Копија од пасошот на идниот брачен другар во Германија, во соодветен случај и копија од визата за престој во Германија, доколку идниот брачен другар не е германски државјанин.
  • Доколку подносителот на барањето за виза и/или идниот брачен другар претходно веќе бил во брак:
    Решение за развод, во оригинал и 1 копија, во соодветен случај и превод на германски јазик.
  • Доколку поднесувате барање за виза за склучување брак во Германија заедно со Вашите деца, подетални информации за потребни документи за децата ќе најдете овде.

ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG

Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.

Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.

  • Известен/а сум дека моето барање за виза е некомплетно и поради тоа истото нема да го поднесам. (Ich wurde auf die Unvollständigkeit meines Antrags hingewiesen und sehe daher von der Beantragung ab.)
  • Известен/а сум дека барањето за виза е некомплетно, но јас инсистирам да ја поднесам апликацијата. (Ich wurde auf die Unvollständigkeit meines Antrags hingewiesen und bestehe auf die Beantragung.)

Скопје / Skopje ___________________                       Потпис / Unterschrift______________________

Почеток на страницата