Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Виза за приклучување кон семејство (Малолетни деца кон родителите)
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.
Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 10 до 12 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 2 копии.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето во зависност од категоријата
потребно е да се достават следниве документи:
А. Приклучување на малолетно дете кон двајцата родители |
- 2 обрасци за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде.
- 2 формулари - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 3 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 2 фотографии залепете на предвиденото место на обрасците за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Такса - таксата за апликацијата од 40,00 евра се плаќа во готово.
- Меѓународен извод на родени, во оригинал и 2 копии.
- Пријава за местото на живеење на родителите во Германија, во оригинал и 2 копии.
- Копија од пасошите на родителите, со копија од визите за престој во Германија, 2 копии.
- Во конкретен случај и решение за посвојување на дете, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
- Дополнително за малолетни деца од 16 – 18 години:
Доказ за познавање на германски јазик на Ц1 ниво, во оригинал и 2 копии.
Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL.
Подетални информации ќе најдете овде.
Законот предвидува и исклучоци од доставување на доказ за познавање на германски јазик. Подетални информации ќе најдете овде.
Б. Приклучување на малолетно дете кон еден родител, кога другиот родител не патува заедно со детето |
- 2 обрасци за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
- 2 формулари - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 3 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 2 фотографии залепете на предвиденото место на обрасците за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Такса - таксата за апликацијата од 40,00 евра се плаќа во готово.
- Меѓународен извод на родени, во оригинал и 2 копии.
- Пријава за местото на живеење на родителот во Германија, во оригинал и 2 копии.
- Копија од пасошот на родителот што живее во Германија, со копија од визата за престој во Германија, 2 копии.
- Во конкретен случај и решение за развод со решение за старателство, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
- Нотарска согласност од родителот кој останува во Северна Македонија, за иселување на детето во Германија, во оригинал заверена со апостил печат и превод на германски јазик со по 2 копии.
- Копија од пасошот од родителот кој останува во Северна Македонија, во 2 копии.
- Дополнително за малолетни деца од 16 – 18 години:
Доказ за познавање на германски јазик на Ц1 ниво, во оригинал и 2 копии.
Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL.
Подетални информации ќе најдете овде.
Законот предвидува и исклучоци од доставување на доказ за познавање на германски јазик. Подетални информации ќе најдете овде.
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________