Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Виза за приклучување кон семејство (Кон малолетно дете со германско државјанство)
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.
Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 10 до 12 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копија.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето во зависност од категоријата
потребно е да се достават следниве документи:
А. Приклучување кон малолетно дете со германско државјанство, |
- 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
- 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копиja. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Извод на родени од детето со германско државјанство, во оригинал и 1 копиja.
- Копија од пасошот од детето со германско државјанство, односно доказ за поседување на германското државјанство.
- Меѓународен извод на венчани, во одреден случај германски извод на венчани, во оригинал и 1 копиja.
- Пријава за местото на живеење на брачниот другар во Германија, во оригинал и 1 копиjа.
- Копија од пасошот на брачниот другар во Германија, во соодветен случај и копија од визата за престој во Германија, доколку брачниот другар не е германски државјанин.
Б. Приклучување кон малолетно дете со германско државјанство, кога родителите не се во брак |
- 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
- 1 формулар - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копија. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Извод на родени од детето со германско државјанство, во оригинал и 1 копија.
- Копија од пасошот од детето со германско државјанство, односно доказ за поседување на германското државјанство, по 1 копија.
- Пријава за местото на живеење од детето со германско државјанство, односно доказ за местото на живеење на родителот кој живее во Германија, во оригинал и 1 копија.
- Копија од пасошот од родителот кој живее и работи во Германија, 1 копија.
- Доказ за признавање на татковство (Vaterschaftsanerkennung), во оригинал и 1 копија.
- Решение за старателство (Sorgerechtsbeschluss), во оригинал и 1 копија.
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
- Известен/а сум дека моето барање за виза е некомплетно и поради тоа истото нема да го поднесам. (Ich wurde auf die Unvollständigkeit meines Antrags hingewiesen und sehe daher von der Beantragung ab.)
- Известен/а сум дека барањето за виза е некомплетно, но јас инсистирам да ја поднесам апликацијата. (Ich wurde auf die Unvollständigkeit meines Antrags hingewiesen und bestehe auf die Beantragung.)
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________