Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Виза за приклучување кон семејство (кон брачен другар  - државјанин на ЕУ/ЕЕО (Европска економска област), освен Германија)

Текст

Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.

Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.

За време на визната постапка Амбасадата мора да провери дали за лицата кои поднесуваат барање за виза постојат одредени податоци за прекршоци во Германија. Постапката по правило трае 2 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер. Доколку барателот за виза имал претходни престои во Германија, постапката може да трае и подолго, затоа што треба да се вклучат и надлежните служби во Германија. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.

Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копија.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!

При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:

  • 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде 
  • 1 формулар - поукасвоерачно потпишани.
  • Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
  • 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копија. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
  • Меѓународен извод на венчани, во одреден случај германски извод на венчани, во оригинал и 1 копија.
  • Пријава за местото на живеење  на брачниот другар во Германија, во оригинал и 1 копија.
  • Копија од пасошот на брачниот другар во Германија.
  • Договор за стан и потврда за личен доход (од последните 3 месеци) на брачниот другар во Германија, по 1 копија.
  • Доколку подносителот на барањето за виза и/или брачниот другар претходно веќе бил во брак:
  • решение за развод, во оригинал и 1 копија, во соодветен случај и превод на германски јазик,
  • Подетални информации при приклучување кон брачен другар заедно со деца ќе најдете овде.

ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG

Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.

Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.

  • Известен/а сум дека моето барање за виза е некомплетно и поради тоа истото нема да го поднесам. (Ich wurde auf die Unvollständigkeit meines Antrags hingewiesen und sehe daher von der Beantragung ab.)
  • Известен/а сум дека барањето за виза е некомплетно, но јас инсистирам да ја поднесам апликацијата. (Ich wurde auf die Unvollständigkeit meines Antrags hingewiesen und bestehe auf die Beantragung.)

Скопје / Skopje ___________________                       Потпис / Unterschrift______________________

Почеток на страницата