Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Виза за приклучување кон семејство (Кон брачен другар)

Текст

Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.

Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.

За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 10 до 12 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.

Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 2 копии.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!

При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:

  • 2 обрасци за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
  • 2 формулари - поука, своерачно потпишани.
  • Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
  • 3 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 2 фотографии залепете на предвиденото место на обрасците за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
  • Такса - таксата за апликацијата од 75,00 евра се плаќа во готово.
  • Меѓународен извод на венчани, во одреден случај германски извод на венчани, во оригинал и 2 копии.
  • Официјален јазичен сертификат „Германски Старт 1“ („Start Deutsch 1“) од Гете институтот (Goethe Institut), „Германски Старт 1“ („Start Deutsch 1“) од Телк доо (Telc GmbH) или „Австриска јазична диплома германски 1“ („Österreichisches Sprachdiplom Deutsch 1“), во оригинал и 2 копии. Подетални информации ќе најдете овде.
    Законот предвидува и исклучоци од доставување на доказ за познавање на германски јазик. Подетални информации ќе најдете овде.
  • Пријава за местото на живеење  на брачниот другар во Германија, во оригинал и 2 копии.
  • Копија од пасошот на брачниот другар во Германија, во соодветен случај и копија од визата за престој во Германија, доколку брачниот другар не е германски државјанин, во 2 копии.
  • Доколку подносителот на барањето за виза и/или брачниот другар претходно веќе бил во брак:
    Решение за развод, во оригинал и 2 копии, во соодветен случај и превод на германски јазик, во 2 примерока,
    Македонско судско решение за признавање на странска судска пресуда за развод на брак, доколку бракот е склучен во Северна Македонија, но разведен во Германија, во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии,
    Германско судско решение за признавање на странска судска пресуда за развод на брак, доколку бракот е разведен во Северна Македонија и еден од брачните другари е германски државјанин, во оригинал и 2 копии.
  • Подетални информации при приклучување кон брачен другар заедно со деца ќе најдете овде.

ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG

Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.

Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.

Скопје / Skopje ___________________                       Потпис / Unterschrift______________________

Почеток на страницата