Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Пракса
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.
Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната агенција за вработување и во одреден случај и надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 3 до 4 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 2 копии.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:
- 2 обрасци за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
- 2 формулари - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 3 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 2 фотографии залепете на предвиденото место на обрасците за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Такса - таксата за апликацијата од 75,00 евра се плаќа во готово.
- Договор за пракса (не постар од 6 месеци): потпишан од претпријатието и практикантот, со податоци за видот, почетокот, времетраењето и областите каде ќе се одвива праксата, висината на месечниот надомест, неделното работно време и датумот на потпишување на договорот, во оригинал и 2 копии.
Доколку месечниот надомест за време на праксата не достигне месечен бруто износ од 934,- €, потребно е да се докаже финансирањето на износот кој недостасува, и тоа со:
Гарантно писмо од Германија – Verpflichtungserklärung (издадено од службата за странци)
за целокупниот престој од страна на лице кое живее и работи во Германија, во оригинал и 2 копии, или - Потврда од банка во Германија, за отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечниот износ кој недостасува, во оригинал и 2 копии.
Доколку имате обезбедено бесплатно сместување или оброци, потребно е да се достават соодветни докази. - План за пракса, доколку содржината на праксата не произлегува од договорот, во оригинал и 2 копии.
- Биографија (CV) на германски јазик, со податоци за досегашното образование, во даден случај и податоци за професионални ангажмани, своерачно потпишана, во 2 примерока.
- Мотивационо писмо на германски јазик, со податоци за причините за избор на праксата, своерачно потпишано, во 2 примерока.
- Доказ за квалификации:
За подносители на барање со завршено образование:
Доказ за завршено образование (диплома, свидетелства од последните две школски години, уверение за положени испити и сл.), во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
За подносители на барање без завршено образование:
Потврда од училиште/факултет (доказ за положени испити, индекс и др.),во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________